Трета лигаФудбал

Претседателот на ФК Пчиња, Бобан Маневски реагира: Судиите судат против нас, размислуваме да ја напуштиме Трета лига – Север!

Сподели
Сподели

По осум одиграни кола во Трета лига – Север новиот третолигаш Пчиња е на дното како последнопласиран со три бодови на своето конто, односно скор од една победа и седум порази.

Меѓутоа претседателот на клубот, Бобан Маневски за Спортска Мрежа изјави дека како што вели судиите суделе против нив, додава дека размислуваат да ја напуштат Трета лига – Север.

„Не сум задоволен од страна на судиите во Трета лига – Север од натпревар во натпревар се полошо и полошо судат против нас. Навистина не е коректно некој што има толку време вложено во фудбалот на некој начин да ги згаснат. Јас сум свесен дека и росторот на играчи не ни е комплетен поради повредени играчи и поради играчи кои имаат црвени картони, затоа имаме и лоши резултати. Но, на последните три кола доминиравме на секое поле, но бевме оштетени од страна на главните судии. На последното коло кое го игравме вчера против Еуромилк ГЛ одигравме перфектен натпревар докажавме дека имаме име и презиме, до 86. минута резултатот беше 0:0, во 87. минута главниот судија досуди пенал во корист на домаќинот, ова е срамота и жално за фудбалот во Македонија, но ќе оставиме на Господ да пресуди, доколку продолжат вака ние ќе се повлечеме од Трета лига – Север, но за нашето повлекување некој ќе треба да сноси одговорност. Ние влеговме во лигтсоата да покажеме мирен и професионален фудбал со волја и мерак, не не уништувајте, не е фер и коректно“, рече Маневски во изјава за Спортска Мрежа.

Во следното деветто коло кое се игра викендот екипата на Пчиња на домашен терен ќе ја бара втората сезонска победа против Риниа, која доколку ја добие би можела Пчиња да прогресира од едно место, но значително да се доближи бодовно до местата кои гарантираат директен опстанок.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Узеир прв на ринг, Василев попладне против Норвежанец на Европското во Скопје

Нелсон Узеир е првиот македонски кикбоксер во распоредот за вторник, 10 ноември, на Европското првенство во Скопје. Неговиот дуел со Санјин Алихоџиќ од...

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!