Ракомет

Прилеп со драматична завршница до големи бодови во Куманово!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Прилеп ја „украде“ победата во последните секунди од дуелот во Куманово, каде што Владан Кастратовиќ погоди за конечни 28-29 и донесе важни бодови за својот тим.

Иако Куманово контролираше поголем дел од средбата и влезе во последните десет минути со +3, завршницата им припадна на гостите. Прилеп успеа да се врати на 28-28, а клучната улога ја имаше и голманот Илчо Ивчески со неколку важни интервенции.

Домашните имаа тајм-аут и напад за победа на 45 секунди до крај, но загубената топка им ги урна надежите. Прилеп го искористи последниот напад и го однесе целиот плен.

Со овие бодови прилепчани се искачуваат на осмата позиција со 10 поени, додека Куманово останува во дното на табелата заедно со Струга. Во следното коло Прилеп го пречекува Бутел, а Куманово гостува кај Еурофарм Пелистер 2.

 

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбал

Македонија има фудбалски бисер во Америка – десетгодишниот Филип Јаневски ги тресе противничките мрежи!

Иако е роден и расте во Соединетите Американски Држави, десетгодишниот Филип Јаневски има македонски корени, а неговото семејство потекнува од Могила. Љубовта кон...

Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10. коло од македонската Суперлига, ќе се одигра во Т-Арената во СЦ...

Поврзани написи
Ракомет

Големото ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид ќе се игра во друга сала!

Големото скопско ракометно дерби меѓу Вардар и Алкалоид, во рамките на 10....

Ракомет

Дербито меѓу Вардар и Алкалоид во малата сала на „Јане Сандански“

Вардар 1961 и Алкалоид ќе го одиграат дербито од 10. коло во...

Ракомет

Астибо до голема победа над Струга на крилата на Анастасија Богоевска, Ева Манева и Ана Марија Накова

Астибо предводен од Габриела Величковска стигна до својата трета сезонска победа откако...

Ракомет

(ВИДЕО) Седум од седум! Пионерите на Младост го освоија Скопје, падна и Алкалоид – богданчани незапирливи!

Пионерите на Младост од Богданци продолжуваат со импресивните настапи во новата сезона....

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!