Трета лигаФудбал

Превалец го доби дербито во Ултрас и изби на врвот, дебакл на Дреново, Росоман го доби Млекар!

Сподели
Сподели

Превалец го доби дербито со Ултас од 11. коло на Трета лига – Југ со резултат од 1:2 и дома се враќа со три бодови, со кои избива на врвот од табелата.

Тежок и борбен меч, одлично прво полувреме, со послабо второ на гостинот, од трите бодови се обезбедени. По само 14 минути игра Превалец имаше 0:2 со погодоците на Кристијан Маневски и Давид Секуловски.

Во вториот дел Ултрас се обидуваше да се врати, Бобан Тошески во 75. минута намали на 1:2, но до крајот немаше погодоци, па резултат стана конечен.

Бучин со минимални 0:1 го доби Влазними Јуниор на гостински терен, благодарение на голот на Маринко Јованоски, кој погоди во 67. минута, а две минути претходно голманот Лавдрим Изеири заработи директен црвен картон, со што домаќинот беше со играч помалку до крајот.

Мартин Деркоски е херој на Младост од Кривогаштани, со неговиот гол беа обезбедени трите бодови во дуелот со Тополка, откако беше заврши со 0:1.


Со двата гола на Бојан Миланов екс второлигашот Росоман славеше над Млекар со 2:1. За гостинот во 70. минута погоди Боби Ачкоски.

Питу Гули „киксна“ на гостување во Долни Дисан, каде беше поразен од домаќинот Венец со 2:1. Александар Трајков во 11. минута го отвори резултат за 1:0, а во 45. минута Ѓорѓи Стрезовски погоди за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел домашните преку голот на Жарко Донев стигнаа до 2:1 и три бода.

Во Чашка беа постигнат осум гола – домаќинот Башкими од Јаболчиште со 7:1 го доби Дреново. Семир Имеров постигна пет гола за неговиот тим, а по еден гол во вториот дел постигнаа Адмир Азизов и Бесар Скендеров.

За гостинот единствен стрелец во 24. минута беше Роналдо Фазлиов.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД Δ
1 ФК ПРЕВАЛЕЦ 10 8 1 1 38 7 +31 25
2 ФК БОРЕЦ 1919 АД 10 8 1 1 33 6 +27 25
3 ФК УЛТРАС 11 6 1 4 38 21 +17 19
4 ФК РОСОМАН-83 10 5 3 2 22 18 +4 18
5 ФК ПИТУ ГУЛИ 10 5 2 3 22 11 +11 17
6 ФК ВЕНЕЦ с.Долни Дисан 10 5 1 4 18 19 -1 16
7 ФК МЛАДОСТ 1930 10 5 0 5 19 33 -14 15
8 ФК Влазними Јуниор 10 4 1 5 17 22 -5 13
9 ФК Бучин 10 3 3 4 12 20 -8 12
10 ФК БАШКИМИ 2008 10 2 3 5 17 15 +2 9
11 ФК ТОПОЛКА 10 2 2 6 7 22 -15 8
12 ФК МЛЕКАР 10 2 1 7 12 26 -14 7
13 ФК ДРЕНОВО 2016 9 0 1 8 8 43 -35 1
14 ФК СЛОГА 1976 0 0 0 0 0 0 0 0

Сподели

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1 во сетови. Митевска одлично го започна мечот и го освои првиот...

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија меѓу третолигашот Могила и прволигашот Арсими. Мечот ќе се одигра во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија...

Втора лигаФудбал

Доне Ристовски ќе им суди на Детонит и Охрид, Дејан Младеновски на Тетекс и Работнички

Познати судиите кои ќе ја делат на двата одложени натпревари од 2....

ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи,...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!