Трета лигаФудбал

Победа Валандово го освои Делчево и стана есенски шампион, 12 гола во Струмица, „петарда“ во Берово – три гола на Манов!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането преземање без претходна писмена согласност!
Сподели

Екипата на Победа Валандово триумфираше на гостувањето во Делчево каде со 1:2 славеше над Брегалница и со тоа стана есенски шампион во Трета лига – Исток без пораз.

Тимот од Валандово одигра нов моќен натпревар и постигна два брзи гола во првиот дел, откако во пет минути голманот Бобан Атанасовски двапати капитулираше на својот гол.

Најпрво Никола Костадинов во 19. минута го отвори резултатот во 19. минута, а пак Ристо Миленковиќ во 24. минута ја стресе мрежата на Атанасовски кој беше неможен на својот гол и по вторпат ја вадеше мрежата од својот гол.

Во вториот дел домаќинот се обидуваше да дојде до брз гол да се врати во резултатски егал, но Победа беше одлична во сите три зони. Брегалница постигна гол во 81. минута преку Максим Смилков, но немаше сили за ништо повеќе, па така трите бодови одат во Валандово, а Победа со тоа стана непоразен есенски шампион на Истокот.

Верните „Калинкари“ беа и во Делчево каде даваа силна поддршка за својот миленик Победа, тим кој игра допадлив фудбал на Истокот, составен од млади играчи пред кои има одлична перспектива за развој и напредок.

Овче Поле „пукна петарда“ во Берово каде со 1:5 го декласираше Малеш и тоа преку пресврт.

По пет минути игра Ерол Пилов погоди и донесе радост за својот тим, но тоа гостинот од Свети Николе најпрво го сврте резултатот на 1:2 на полувреме, а во вториот дел се покажа во одлично издание за убедлива победа со пет постигнати погодоци.

Тоше Манов постигна хет-трик, а по едне гол постигнаа Ѓорѓи Султанов и Дени Андонов.

Ударник зад себе има успешна есенска полусезона откако со 1:3 го доби и Карбинци во гости и со победа се одјавува за 2025 година.

Гостинот од Пирава беше доминантен на теренот и не виде проблем да слави на гостувањето кај незгодниот домаќин.


Адријан Спасиќ во 27. минута го отвори резултатот, а пред крајот на првиот дел Јовче Крстев постигна гол за 0:2 на полувреме. Во вториот дел Карбинци ја намали предноста на гол негатива откако погоди Кристијан Крстов во 56. минута.

Гостинот не дозволи било каков друг обид на Карбинци, па Спасиќ со втор гол во 75. минута стави печат на победа за Ударник.

Светлост Зрновци остана без победа во есенскиот дел, откако денес во Струмица загуби од Тиверија со 9:3.

Победникот беше решен во првиот дел кога резултатот беше 4:1, а гостинот се потпираше на Славче Митовски кој беше најдобар поединец на мечот бидејќи тој ги постигна сите три гола за тимот од Зрновци.

За домаќинот хет-трик постигна Дејан Василев, а двојни стрелци беа Глигор Атанасов, Ристе Каралијски и Никола Стојанов.

Како што веќе информираше Спортска Мрежа мечот меѓу Хоризонт Турново и Рудар се одлага за почеток на месец март 2026 година, бидејќи стадионот „Кукуш“ во Турново е резервиран за македонската женска фудбалска репрезентација до 19 години.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД Δ
1 ФК ПОБЕДА Валандово 10 9 1 0 33 8 +25 28
2 ФК УДАРНИК 10 8 1 1 29 11 +18 25
3 ЗС ОВЧЕ ПОЛЕ 10 7 1 2 31 13 +18 22
4 ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО АД 9 4 4 1 30 21 +9 16
5 ФК КАРБИНЦИ 10 3 4 3 14 13 +1 13
6 ФК Брегалница 1926 10 3 3 4 14 15 -1 12
7 ФК РУДАР 1947 Пробиштип 9 3 2 4 12 11 +1 11
8 ФК ТИВЕРИЈА 10 3 1 6 19 26 -7 10
9 ОФК МАЛЕШ 10 1 2 7 11 31 -20 5
10 ФК СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ 10 0 4 6 12 32 -20 4
11 ФК ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО 10 1 1 8 10 34 -24 4


Сподели

Не пропуштајте

Турнири

Бирлик Конче со убедлива победа над Хасан Бум на турнирот „Конче 2026“

Вечерва на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ се одиграа два ревијални мечеви и еден меч од групата А, каде тимот на Бирлик...

Турнири

АСП Пак до службена победа, Кафе Бар Слобода и Етно ресторан Дедо Димо ги „искинаа“ мрежите

Вечерва се одиграа два од три натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта. Првиот меч не се одигра, а екипата...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

Втора лигаФудбал

Ќе следуваат нови тренерски промени во Втора лига!?

Пред стартот на летните подготовки неколку второлигаши направија промени на тренерската позиција,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!