Трета лигаФудбал

Јанев го доби дербито меѓу Карбинци и Ударник, Костовски главен во Делчево

Сподели
ФОTO: Спортска Мрежа
Сподели

Утре ќе се одиграат четири од пет натпревари од последното есенско коло на Трета лига – Исток. Натпреварот од 11. коло меѓу Хоризонт Турново и Рудар е одложен и истиот ќе се одигра на почетокот од месец март 2026 година пред почетокот на пролетниот дел од сезоната.

Како што ексклузивно дознава Спортска Мрежа причината за одложување е тоа што стадионот „Кукуш“ во Турново и околните терени во струмичко се подготвуваат за репрезентативни натпревари, од таа причина со согласност на двете екипи мечот ќе се одигра пред почетокот на пролетниот дел.

Во однос на останатите натпревари познати се судиите кои ќе ја делат правдата.

Во Берово ќе се соочат Малеш и Овче Поле, каде Тоше Џамов ќе биде главен судија, а негови помошници ќе бидат Мики Ѓеоргиевски и Драган Цветанов.

Доне Ристовски ќе биде главен во Струмица каде што ќе играат Тиверија и Светлост Зрновци, а негови помошници ќе бидат Николче Симонов и Александра Спасова.


Блаже Јанев ќе го суди дербито меѓу Карбинци и Ударник, а негови асистенти ќе бидат Иван Танев и Стефан Митров.

Во Делчево ќе се сретнат Брегалница и непоразениот лидер Победа од Валандово, правата на овој меч ќе ја дели Здравко Костовски, а негови помошници ќе бидат Цане Давитков и Марио Кочијев.

Сите четири натпревари ќе започнат во 13 часот.


Сподели

Не пропуштајте

Останато

Ева Митевска испиша историја во Дакар, осмо место во финалето на 100 метри!

Македонската атлетичарка Ева Митевска забележа значаен успех на Младинските олимписки игри во Дакар, Сенегал, откако обезбеди место во финалето на трката на 100...

Останати репрезентацииРепрезентација

Четири борби, четири победи – Душица Бресалиева го освои златниот медал на Грција Опен Е1 2026

Македонската репрезентативка во таеквондо, Душица Бресалиева од ТК Штип, оствари извонреден успех на меѓународниот турнир „Грција Опен Е1 2026“, освојувајќи го златниот медал...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас стартер во првата гостинска победа на Аталанта пред дуелот со Шкотска

Елиф Елмас се врати во почетниот состав на Аталанта во Серија А,...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!