Прва женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Скопје го симна Љуботен од врвот и стана есенски шампион – Евтинџиоска херој на дербито!

Сподели
Сподели

Екипата на Скопје го доби дербито од последното есенско коло во Првата женска фудбалска лига, славејќи со минимални 1:0 против шампионот Љуботен на домашен терен во скопско Пржино. Ова дерби, кое се најавуваше како директна битка за есенската титула, во целост ја оправда својата тежина – а на крајот Скопје ја презеде лидерската позиција и стана есенски шампион.

Домашната екипа поведе во 39. минута преку Сара Евтинџиоска, која со прецизно изведен слободен удар го совлада голманот на Љуботен. Голот дојде во идеален момент за Скопје, кое претходно имаше играчка предност. Имено, уште во 23. минута фудбалерката на Љуботен, Јулијана Живиќ, заработи црвен картон поради два жолти, оставајќи го својот тим со играч помалку до крајот на натпреварот.

Скопје ја искористи бројчаната предност и со дисциплинирана игра го контролираше мечот, а победата од 1:0 значеше и симнување на актуелниот шампион од врвот. Сега Скопје е лидер со 39 бодови, два повеќе од Љуботен кој падна на втората позиција.

Ова е голема победа за скопскиот тим, кој со оваа игра и резултати покажува дека има реален капацитет да му парира на Љуботен и да се наметне како сериозен кандидат за титулата во пролетниот дел.

Следува пауза во шампионатот, период во кој екипите ќе направат анализа на есенскиот дел и ќе се подготват за она што следува на пролет. Колото ќе биде комплетирано в недела со дуелот од долниот дел на табелата, дербито меѓу Кочани и Вардар, кое може да има големо значење во битката за опстанок.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар денес гостува во Богданци, Младост ќе има поддршка со полна сала

Вечерва во 18 часот во Богданци ќе се одигра натпреварот од третото коло на Супер лигата меѓу Младост и Вардар, се очекува полна...

Трета лигаФудбал

Саса оди по три бода во Пирава, дерби на Овче Поле и Малеш, Огражден ќе го предизвикува Хоризонт Турново

Второто коло од Трета лига регион 3 носи неколку интересни средби, каде се очекува голема борба за освојување на бодовите. Овче Поле кој...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Речица ќе ја пречека Дрита, Јехона против Лирија, Љуботен сака нови три бода

Во ист термин од 16 часот, утре ќе бидат одиграни натпреварите од...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!