Прва женска фудбалска лигаФудбал

Пржино ќе го одлучува есенскиот шампион во Првата женска фудбалска лига

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Денес е денот „Д“ кога ќе се решава кој ќе ја заврши есенската полусезона како лидер во Првата женска фудбалска лига. Скопје го пречекува актуелниот шампион Љуботен, и тоа на терен кој важи за вистинска тврдина – место на кое тетовчанки веќе ја прекинаа својата победничка серија со ремито (2:2) против Истатов, тим кој го дели истиот домашен терен со Скопје.

Само еден бод ги дели лидерот Љуботен (37 бодови) од второпласираниот Скопје (36 бодови) – дерби кое носи огромна тежина за обете страни.

Скопје оваа сезона игра модерен, брз и храбар фудбал, предводено од млади фудбалерки кои се наметнуваат како идни сениорски репрезентативки. Токму оваа свежина и амбиција им дава реални шанси да се обидат да го симнат Љуботен од врвот.

Од друга страна, искуството е на страната на тетовскиот тим, кој располага и со квалитетни странски засилувања. Сепак, пред дуелот во Пржино останува дилемата – дали ќе успеат да го пронајдат победничкиот рецепт за три бода или барем за нерешен резултат? Само победа го прави Скопје есенски шампион, во секој друг случај Љуботен од врвот ќе го чека пролетниот дел.

Љуботен сезонава има 12 победи и едно реми, додека Скопје е со 12 победи и еден пораз – токму од Љуботен во Тетово (4:1).

Последните четири меѓусебни пресметки одат на страна на тетовчанки, кои секогаш победувале високо. Статистиката вели дека нивните дуели гарантираат голови – вкупно 20 погодоци на последните четири натпревари, што е просек од 4 гола по меч.


За денешниот меч делегирани се искусни судии. Главен судија ќе биде Вјолца Изеири од Гостивар, а нејзини помошници Елена Соклевска Илиевски и Тамара Цветановиќ од Скопје. Контролор на средбата е Петре Илиоски од Прилеп.

Натпреварот се игра на стадионот „Јован Мандаровски“ во Пржино, со почеток од 14:00 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе се комплетира утре со мечот меѓу Брера и Шкупи, кој ќе...

Ракомет

Костов лидер, Мате веднаш зад него: Топ 10 стрелци по две одиграни кола во Супер лигата

По две одиграни кола во новата сезона од Супер лигата, охриѓанецот- Наум Костов од МРК Куманово, е лидер на листата на најдобрите стрелци....

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Неколку второлигаши „висат“: Победата е неопходна за излез од резултатската криза

Денес ќе биде отворено шестото коло во Втората фудбалска лига, а ќе...

Прва лигаФудбал

Шкендија се врати на победничкиот пат: Башкими поразен во Гостивар

Шкендија ја прекина серијата од два натпревари без победа и повторно покажа...

Прва лигаФудбал

Без голови во Кратово: Силекс пет кола чека на победа, Тиквеш продолжува без пораз

Силекс и Тиквеш одиграа без голови во Кратово, во натпревар во кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!