Прва лигаФудбал

Ален Тупајиќ нов тренер на Работнички – ќе има ли конечно резултатска стабилност?

Сподели
ФОТО: ФК Работнички
Сподели

Екипата на Работнички доби ново лице на клупата – искусниот српски стратег Ален Тупајиќ, кој ќе ја води екипата во обид да ја стабилизира сезоната и да ја извлече од незавидната позиција на табелата. Клубот од Дебар Маало се наоѓа во сериозна резултатска криза, па доаѓањето на Тупајиќ носи надеж за нов почеток и за пресврт во ПМФЛ.

Педесетгодишниот тренер пристигнува во Скопје по ангажманот во Бор, а зад себе има богата кариера во повеќе европски и азиски клубови. Работеше како прв тренер во Будуќност Ваљево, Ал-Јахра и Литекс Ловеч, каде што беше и дел од стручниот штаб на легендарниот Љупко Петровиќ. Има искуство и како асистент во неколку клубови од регионот, меѓу кои Напредак Крушевац, Раднички 1923, Борац Бања Лука и Колубара.

Тупајиќ првпат ќе работи во Македонија, а пред него е голем предизвик: Работнички по 13 кола има само седум освоени бодови и се наоѓа на претпоследното место. Новиот тренер ќе дебитира на 24 ноември против силната Струга Трим Лум, натпревар кој ќе биде прв тест за тоа како романтичарите ќе изгледаат под негово водство.


Клубот верува дека Тупајиќ со своето искуство, тактичка дисциплина и работа со играчи може да донесе стабилност и енергија, потребни за Работнички да излезе од опасната зона и да се врати на победничките патеки. Новата ера започнува – останува да се види дали српскиот стратег ќе го успее тешкиот предизвик што го презеде.


Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во тимот е искусниот Боби Божиновски, кој ќе биде дел од стручниот...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Селекторот Кирил Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за престојните два контролни натпревари со Косово

Женската репрезентација на Македонија до 19 години ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Косово. Двата меча се закажани за 10...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Боби Божиновски дел од стручниот штаб на третолигашот ФК Илинден

Третолигашот Илинден продолжува со засилување на стручниот штаб, а ново име во...

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона,...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!