ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Салим Арифи – „новиот Мирлинд Даку“ од Прилеп што го освојува Косово со голови!

Сподели
ФОТО: Liga e Dytë e Kosovës
Сподели

Фудбалскиот талент Салим Арифи, поранешен играч на Победа, блеска во дресот на Митровица, каде што е убедливо најдобар стрелец во Втората косовска лига со вкупно 9 постигнати голови. Само минатиот викенд, 19-годишниот Арифи запиша хет-трик во победата на неговиот тим со 3-1 против Дарданија, со што уште еднаш покажа зошто во Косово го нарекуваат „новиот Мирлинд Даку“.

Арифи со својата висина од 193 сантиметри, физичка моќ и инстинкт за гол, потсетува на напаѓачот на албанската репрезентација и е вистински кошмар за противничките одбрани. Неговиот брз напредок не помина незабележано – неколку клубови од Првата лига и косовската Суперлига веќе го следат внимателно, а интерес покажуваат и странски тимови.

Овој млад напаѓач, кој потекнува од Прилеп, зад себе има над 100 голови во сите младински категории на Победа, а со своите настапи во Косово докажува дека е подготвен за повисоко ниво.

Интересно е што Арифи поседува и косовски пасош, по потекло на неговите родители, па постои можност Фудбалската федерација на Косово да го повика во младинските селекции. Од друга страна, ова е сигнал и до ФФМ внимателно да го следи развојот на Арифи – бидејќи станува збор за талент кој може да биде иднината на македонскиот фудбал.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета лига Регион 1, откако го промовираше и Флорент Османи како ново...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а како прво засилување е претставен Метин Ќерими, кој доаѓа од редовите...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Флорент Османи го засили третолигашот БВК Коњаре

Екипата на БВК Коњаре продолжува со екипирање за новата сезона во Трета...

Трета лигаФудбал

Третолигашот БВК Коњаре се засили со Метин Ќерими

Третолигашот БВК Коњаре започна со кроењето на ростерот за новата сезона, а...

Трета лигаФудбал

Ржаничино го гради „дрим-тимот“: Богдановски, Мицевски и Здравковски предводници на високите амбиции

Третолигашот Ржаничино сериозно ги најавува своите амбиции за претстојната сезона во Третата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!