Трета лигаФудбал

Победа Валандово непоразен лидер – тимот статистички најдобар, Ударник е втор, неизвесноста продолжува!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

По девет одиграни кола во Трета лига – Исток промени на врвот од табелата нема, Победа од Валандово е непоразен лидер со 22 бодови на своето конто и учинок од седум победи и едно реми. Екипата од Валандово статистички е најдобра со 30 постигнати погодоци и седум прими и позитивна гол разлика од +23.

На второто место е Ударник од Пирава со 19 бодови, па следуваат поранешниот вицешампион на Македонија, екипата на Хоризонт Турново со 16 бодови, а толку има и Овче Поле кој е на четвртото место.

На дното е Светлост од Зрновци, а тимот е единствениот кој нема забележано победа, односно има учинок од три ремија и пет порази и со три бодови го има последното место на табелата.


Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК ПОБЕДА Валандово 8 7 1 0 30 7 +23 22
2 ФК УДАРНИК 8 6 1 1 21 9 +12 19
3 ФК ХОРИЗОНТ ТУРНОВО АД 8 4 4 0 29 16 +13 16
4 ЗС ОВЧЕ ПОЛЕ 8 5 1 2 21 11 +10 16
5 ФК КАРБИНЦИ 8 3 4 1 13 9 +4 13
6 ФК Брегалница 1926 9 3 3 3 13 13 0 12
7 ФК РУДАР 1947 Пробиштип 8 2 2 4 5 11 -6 8
8 ФК ТИВЕРИЈА 8 2 1 5 9 18 -9 7
9 ОФК МАЛЕШ 8 1 1 6 9 25 -16 4
10 ФК ДОЈРАНСКО ЕЗЕРО 9 1 1 7 10 27 -17 4
11 ФК СВЕТЛОСТ ЗРНОВЦИ 8 0 3 5 8 22 -14 3

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!