Втора лигаФудбал

Трпески: Потешко од очекуваното, но ја израдувавме нашата верна публика со нова победа

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Лидерот во Втората лига, Шкендија Арачиново, стигна до нова победа на гостински терен, откако на „Цвај Арената“ со пресврт славеше над екипата на Вардар Неготино со 1:2.

Домаќинот го отвори резултатот во вториот дел, но во финишот од средбата Дарио Десниќ донесе израмнување на 1:1, а во судиското надополнување Љупче Трпески постигна гол за целосен пресврт и огромна радост во таборот на тимот од Арачиново.

Искусниот офанзивец и миленик на навивачите на Шкендија, Љупче Трпески, по натпреварот ја сподели својата изјава за Спортска Мрежа.

„Лошо го почнавме натпреварот, имавме неколку грешки и тоа доведе да примаме гол и да бркаме негатива. После примениот гол малку се поправивме во нашата игра и успеавме да постигнеме два погодоци, од кој вториот го постигнав јас во судиското надополнување и така стигнавме до трите бодови. Можеби потешко, но сепак на крај ја израдувавме нашата верна публика со нова победа и нови три бода“, вели искусниот Љупче Трпески за Спортска Мрежа.

Тимот на Љупчо Марковски – Калц останува единствениот непоразен во лигата и со оваа победа ја потврди лидерската позиција. Во следното коло, Шкендија Арачиново ќе го одигра дербито на колото на домашен терен против Брегалница од Штип, во дуел кој ветува уште една фудбалска драма на два конкуренти за влез во Прва лига.


Сподели

Не пропуштајте

Останато

Фит Фан Волеј ќе игра во Првата лига и следната сезона

Одбојкарките на Фит Фан Волеј и следната сезона ќе бидат дел од Првата лига жени, откако успешно ја минаа бараж фазата и го...

Поврзани написи
КупФудбал

Извлечени полуфиналните двојки во Купот на Македонија за млади категории

Денеска во „Куќа на фудбалот“ беа извлечени двојките за полуфиналето во Купот...

КупФудбалФутсал

Познати судиите кои ќе го судат Куп финалето меѓу Проект и Кеги Моби

Утре во Гевгелија се игра големото финале во футсал Купот на Македонија...

КупФудбалФутсал

Голем интерес за футсал финалето во Гевгелија: Проект и Кеги Моби пред спектакл за Куп трофејот

Гевгелија вечерва ќе биде во знакот на футсалот, а интересот кај спортската...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!