Трета лигаФудбал

Влазними до тешка победа во Мешеишта, реми меѓу Кравари и Могила, осум гола во Демир Хисар!

Сподели
Сподели

Три од пет натпревари се одиграа во рамки на 8. коло во Трета лига – Југозапад. Натпреварот меѓу Кравари и Могила заврши без победник откако двете екипи одиграа реми без погодоци (0:0) за делба на бодовите.

Демир Хисар и Напредок од Ношпал одиграа ефективен меч со осум погодоци, но без победник, делба на бодовите и реми од 4:4.

За домашниот тим двоен стрелец беше Аце Јанкуловски, а по еден гол постигнаа Андреј Стевановски и Јовица Китановски. За гостинот двапати стрелаше Филип Кебаковски, а по еден гол постигнаа Владе Јанакиевски и Михаил Гулугаровски.

Во Мешеишта беа постигнати седум погодоци за гостинска победа на Влазними од 3:4 над Славеј. Во првиот дел немаше погодоци, но затоа во вториот дел се тресеа мрежите.

Христијан Китрозоски го отвори резултатот во 47. минута, а потоа во 50. минута погоди и Климент Гиновски за 2:0. По една минута Денис Шадов постигна гол за 2:1.

Следуваше нов гол на домаќинот кога Даниел Митрески во 53. минута зголеми на 3:1. Во 59. минута Христијан Китрозоски си постигна автогол за 3:2, а потоа во шест минути Сундим Фејза и Даниел Шекуткоски направи комплетен пресврт за победа од 3:4.

Натпреварот меѓу Света Троица и Караорман не се одигра, а еве што е заведено во записникот од мечот.

„На натпреварот СВ Троица ФК Караорман кој беше закажан да се одигра во Струга 09.11.2025 беше пријавен во СВР Охрид тоа ми го потврди Васко Настески а не беше пријавен во ОВР Струга. Стапив во контакт со дежурниот во полициската станица во Струга ми потврди дека не е пријавен натпреварот во Струга и дека не можат да гарантираат безбедност исто тоа го стори и претставникот од СВ Троица кој појде во полициска станица за да може да му се дозволи да се одигра натпреварот затоа што касно му било кажано од јавното претпријатие Билјанини Извори дека не можат да настапат на домашниот терен. Затоа двете екипи се договорија да играат во Струга, екипата на Св. Троица и ФК Караорман беше присутна на теренот во Струга во 12 часот исто така и судиската тројка , контролорот , делегатот беа присутни во 12 часот . Сакам да потврдам дека разговарав во полициската станица и не ми беше гарантирано дека ќе ја преземаат одговорноста. Затоа овој натпревар не можеше да се одигра без пријава во полициска станица во Струга.“

Не се одигра ниту натпреварот меѓу Велешта и Кораб.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Одиме по првите бодови“: Чупиќ и Малус ја најавија битката со Нант!

По тесниот пораз од Мелсунген во премиерното коло, Вардар во среда ќе го одигра првиот домашен натпревар во новата сезона од Лигата на...

Трета лигаФудбалЧетврта лига

Од битолско село со 290 жители до две фудбалски екипи: Ношпал ја пишува својата фудбалска приказна

Во време кога многу средини се борат да ги одржат спортските клубови во живот, едно мало село во Општина Могила покажува дека за...

Поврзани написи
Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

ИнтернационалциФудбал

Мојсов со реми дебитираше на клупата на Земун и ја прекина серијата порази

Македонскиот фудбалски стратег Ѓорѓи Мојсов со реми дебитираше на клупата на српскиот...

Прва лигаФудбал

Одлични судиски перформанси во 7. коло од Прва МФЛ

По извршената анализа од сите натпревари, вклучително и денес последно одиграниот првенствен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!