Трета лигаФудбал

Убедлива победа за Ржаничино над Пчиња со три гола!

Сподели
ФОТО: ФК Ржаничино
Сподели

На воведниот меч од 11. коло во Трета лига – Север, екипата на Ржаничино забележа висока и убедлива победа над Пчиња со резултат од 3:0, со што го забележа вториот сезонски пораз, а пак Ржаничино доаѓа до петтото славје.

Гостинот уште од 11. минута играше со играч помалку на теренот кога Александар Божинов заработи директен црвен картон и го остави својот тим со играч помалку на теренот и тоа се рефлектираше врз самата игра.

Во 30. минута Петре Тасевски го отвори резултатот за водство на Ржаничино од 1:0 на полувреме.

Во вториот дел домаќинот брзо зголеми на 2:0 кога Филип Јаневски погоди за 2:0, а во 61. минута Даниел Васиќ си постигна автогол со што беа поставени конечни 3:0.

Колото се комплетира денес со останатите натпревари, а вечерва Спортска Мрежа ќе го објави комплетниот извештај со стрелци од сите натпревари.


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!