Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Каменица Саса незадоволна од судењето – клубот бара итен состанок со Судиската организација при ФФМ

Сподели
Сподели

Фудбалерите на Каменица Саса одиграа возбудливо реми 2:2 на домашен терен против Детонит Плачковица, во натпревар кој го одбележа драматичен финиш и бројни контроверзни моменти.

Беровчанецот Тони Мичковски во 51. минута го отвори резултатот против својот поранешен клуб, а во 55. минута Бурим Алиев беше исклучен по втор жолт картон, оставајќи го домашниот тим со играч помалку. И покрај тоа, Андреј Симевски во 80. минута зголеми на 2:0, но гостите не се предадоа. Во финишот на натпреварот, Валентин Блажески намали на 2:1 во 88. минута, а во 97. минута Сашо Дуков, исто така поранешен фудбалер на Саса, погоди за конечни 2:2.

По натпреварот, ФК Каменица Саса излезе со официјално соопштение во кое остро реагира на судењето и бара итен состанок со Судиската организација при ФФМ.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ФК КАМЕНИЦА САСА:

ФК Каменица Саса уште еднаш беше жртва на катастрофално судење од страна на судиите при Фудбалската федерација на Македонија.
Веќе и не сме во можност да ги изброиме натпреварите на кои, поради судиски грешки, губиме драгоцени бодови.
Оваа година бевме очигледно оштетени на натпреварите со Тетекс, со Скопје, а денес и со ФК Детонит Плачковица.
На денешниот натпревар, двата гола на ФК Детонит Плачковица беа нерегуларни.
•Кај првиот гол, топката не ја мина гол-линијата, а погодокот го „виде“ само помошниот судија.
•Вториот гол, како што јасно се гледа на снимката во прилог, беше постигнат кога играчот на Детонит беше во длабок офсајд.
Да не зборуваме и за тоа што, и покрај покажани пет минути продолжение, судијата го продолжи натпреварот цели осум минути. Кон ова, мораме да истакнеме, дека во првото полувреме ни беше поништен чист гол.
Нашите фудбалери не добиваат никаква толеранција на ниту еден дерби-натпревар. Без резон им се доделуваат жолти и црвени картони, а повеќето дерби-натпревари траат сè додека ние не примиме гол.
Ваквиот однос на судиите кон ФК Каменица Саса е срамен и недостоен за македонскиот фудбал. За доброто на фудбалот, бараме итен состанок со Судиската организација при ФФМ.

Во следното коло Каменица Саса ќе гостува во Виница кај Слога, додека пак Детонит Плачковица дома ќе игра против Преспа од Ресен.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!