Прва женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Марковска донесе три бода за Љуботен, Саса жестоко реагираше на судиската одлука – доделени црвени картони!

Сподели
Сподели

Исклучително неизвесно беше дербито во Тетово меѓу актуелниот шампион Љуботен и поранешниот шампион Каменица Саса, кое заврши со триумф од 2:1 на домашниот тим, а благодарение на голот на капитенот Александра Марковска која погоди во финишот, па така трите бодови останаа во Тетово, а шампионот со сочува врвот.

Натпреварот од 11. коло на Првата женска фудбалска лига донесе егал борба со голема желба за трите бодови од страна на двете екипи, се виде дека и гостинот покажа дека во Тетово доаѓа да го победи по првпат сезонава шампионот.

Резултатот го отвори Бразилката Евелин Амабиле Шварц по само осум минути игра. Гостинот од малото рударско гратче до израмнување дојде во 26. минута благодарение на голот на Бразилката Тчеури Харуми Гоја, кој погоди во 26. минута против својот поранешен клуб за 1:1.

Неизвесноста продолжи до последниот судиски свиреж, самиот финиш од мечот беше доста жесток, а тоа беше причина и да бидат доделени црвени картони, но по завршувањето на мечот.

Во 89. минута беше досуден слободен удар, а за што реагираше гостинскиот тим кон првиот помошник негирајќи дека имало игра со рака, но сепак беше досуден слободен удар, токму од тој слободен удар Љуботен успеа да постигна гол, а прецизна беше Александра Марковска.

По завршувањето на мечот настана гужва на самиот терен, по што главниот судија Ндерим Тефику му додели црвен картон на шефот на стручниот штаб на гостинскиот тим, Зоран Златковски, а пак жолт картон доби Драгана Костова од гостинската екипа, а директен црвен картон заработи Хава Мустафа од домашниот тим.

Екипата на Скопје забележа убедлива сосема очекувана победа над тимот на Топ Гол од 6:0. Јована Каралиоска и Елена Наумоска беа двојни стрелци, а по еден гол постигнаа Блехана Алиеска и Бесарта Фида.

Наместо дерби од дното на табелата на две екипи кои водат битка за опстанок, Речица на домашен терен со 6:1 го „распадна“ Кочани и го испрати дома со полна мрежа погодоци.


Марија Антевска по само седум минути го отвори резултатот, а херој на мечот за домашните беше Емили Митковска со четири постигнати погодоци, а еден гол постигна Анѓела Петковска. За гостинот од Кочани искусната Катерина Милеска беше единствен стрелец, откако погоди од белата точка.


Сосема очекува победа забележа Тиверија Брера на гостувањето во Скопје кај екипата на Вардар, откако фаворитот од Струмица славеше со 1:3.

Розита Пецева беше двоен стрелец за Тиверија Брера, а еден гол постигна Теона Галабовска, додека пак за домашниот тим единствен стрелец беше Теодора Јанковска која погоди во 70. минута за конечни 1:3, а со тоа го ублажи поразот.

Дербито во Струга заврши без победник за поделба на бодовите меѓу Ас Јунајтед и Истатов откако двете екипи одиграа 1:1.

Двата погодоци беа постигнати во финишот од мечот, а главниот судија Фатмир Бафто подели три жолти картони кај домашниот тим, а три жолти и кај гостинскиот, со тоа што Елма Шемсовиќ заработи два жолти картони и во 80. минута беше исклучена од игра.

Веса Села во 78. минута го отвори резултатот за водство на Ас Јунајтед, а две минути подоцна Шемсовиќ го остави својот тим со играч помалку на теренот, но и со играч помалку тимот на Кирил Изов дојде до бод, откако Кристина Петрушевска погоди во 88. минута за конечни 1:1 и делба на бодовите.

Овој бод добива на тежина за гостинот со оглед на тоа што Истатов до истиот стигна со играч помалку на теренот.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ЉУБОТЕН 11 10 1 0 49 5 +44 31
2 ЖФК СКОПЈЕ 2014 11 10 0 1 35 5 +30 30
3 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 11 8 0 3 23 15 +8 24
4 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 11 6 2 3 25 15 +10 20
5 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 11 6 0 5 33 12 +21 18
6 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 11 5 2 4 31 16 +15 17
7 ЖФК РЕЧИЦА 11 2 1 8 18 39 -21 7
8 ЖФК Вардар 2023 11 1 2 8 5 52 -47 5
9 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 11 1 1 9 7 23 -16 4
10 ЖФК КОЧАНИ 11 1 1 9 7 51 -44 4


Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Шампион немоќен против Текстилец, но Давид Јовчевски постигна 18 гола!

Екипата на Текстилец со убедливи 36:48 славеше на гостински терен кај тимот на Шампион во рамки на 13. коло на Првата ракометна лига,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го организира ФК Интер Кукла. На 14 декември (недела), клубот ќе биде...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФК Интер Кукла го оживува духот на Куклиш – „Стари vs. Млади“ ќе го обедини сето фудбалско семејство

Во Куклиш владее вистинска фудбалска еуфорија пред големиот пријателски спектакл што го...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА ДЕНОТ: Охрид е есенски шампион во Втора лига

Охрид е есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига – „рибарите“ ја...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига –...

Прва лигаФудбал

Силекс и Брера со големи гостински победи – Работнички и Шкупи во длабока криза пред зимската пауза

Последното коло во есенскиот дел од Првата македонска лига донесе јасна слика...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!