Прва лигаФудбал

Судиска анализа: Судиите без грешка на дербито во Битола меѓу Пелистер и Вардар

Сподели
Сподели

Стручна судиска анализа од првенствениот дерби натпревар од 12. коло на Првата МФЛ помеѓу екипите на ФК Пелистер и ФК Вардар, одигран денес, 5.11.2025 година (среда), во Битола

Четири клучни одлуки, проценети правилно и прикажани високо квалитетни судиски перформанси од судискиот тим.

Првата ситуација е во 42 минута, кога топката удира во рака на одбранбениот играч на домашната екипа која е во природна положба, без зголемување на волумен на телото и без намера. Притоа топката е упатена од многу кратко растојание и топката удира во раката на одбранбениот играч, односно одбранбениот играч не игра со рака на топка. Главниот судија е во непосредна близина, има јасна прегледност и целосна контрола над ситуацијата и носи правилна одлука играта да продолжи.

Втората ситуација е во 60 минута, при постигнување на израмнувачкиот гол за домашната екипа. Во моментот на шутот кон гол, домашниот напаѓач со бр. 8 е скоро еден метар зад одбранбениот играч и по одбиената (одбранетата) топка од голманот истата се одбива до напаѓачот кој од дозволена позиција постигнува регуларен гол. Правилна интервенција од ВАР во оваа фактичка ситуација и потврдување на постигнат регуларен гол, односно правилно ја корегираат одлуката на првиот асистент судија.

Третата ситуација е во 80 минута, односно гостинскиот напаѓач со бр.11 продира непречено до противничкиот казнен простор, влегува во него, по што домашниот играч со бр.8 стартува со намера да ја избие топката, но прави погрешна и задоцнета проценка и го соборува гостинскиот противнички играч со прекршок во нога. Главниот судија отстапува од својата дијагонала на движење, има јасна прегледност и антиципација на ситуацијата и правилно го проценува прекршокот.


Пред самиот крај на регуларниот дел од натпреварот, домашниот капитен со бр. 44 продира странично кон противничкиот казнен простор, по што во моментот на шутирањето на топката одбранбениот гостински играч со бр. 3 го блокира шутот со природно и неказниво движење на телото. Топката удира во задниот дел од телото на одбранбениот играч кој е во пад и во природно движење, по што импактот од одбиената топка од задниот дел од телото е случаен допир на топката во левата дланка. Главниот судија има целосна непречена контрола и прегледност на ситуацијата и носи правилна одлука за ова неказниво играње со рака.Судискиот одбор во целост ја потврдува исправноста на сите одлуки на овој натпревар, вклучително и целосното дисциплинското и техничко менаџирање со конзистентен критериум.

Видеата можете да ги погледнете овде.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје: Ние сме подготвени и размислуваме само за победа

Скопје освои само три бода во првите шест кола од Првата фудбалска...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!