Втора лигаФудбал

Беласица немилосрдна за Вардар Неготино, Осогово ја „распарчи“ Победа, реми во Радовиш, Охрид до три бода!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Денес се одиграа натпреварите од 11. коло во Втората македонска фудбалска лига, а најефикасен меч се одигра во Струмица, каде Беласица со убедливи 8:1 го совлада Вардар Неготино.

Двојни стрелци за струмичани беа Александар Коцев, Бојан Спиркоски и Александар Милушев, додека по еден погодок постигнаа Костадин Капсаров и Стефан Секирски. За гостите единствен стрелец беше Диме Великов.

Во Автокоманда, екипата на Скопје славеше со сигурни 2:0 над Преспа, а херој на натпреварот беше Армир Иса со два постигнати гола.

Големо Коњари не успеа да одолее на гостите од Македонска Каменица, откако Саса славеше со 1:3. За тимот од Македонска Каменица погодија Тони Мичковски, Андреј Симевски и Махир Ајрули, додека Амил Табаковиќ беше стрелецот за домашните.

Во Радовиш, Детонит Плачковица и Новаци ги поделија бодовите играјќи 1:1. Сашо Дуков донесе водство за радовишани во 59. минута, но Христијан Драгарски израмни во завршницата на мечот. Радовишани можат да жалат за трите бодови, бидејќи во првиот дел Дуков имаше голема шанса, но реализираше, а пак Александар Смилков ја стресе гредата.

Слога Виница на домашен терен загуби со 2:4 од Брегалница Штип. За Слога погодија Бојан Кoлишев и Октај Амедов, а за гостите стрелци беа Дамјан Масевски, Давид Калпачки и Хусеин Демири, додека Александар Илиев од Слога си постигна автогол.

Шкендија Арачиново го совлада КожуФ со 2:0. Амир Нухија погоди во судиското надополнување на првото полувреме, а во вториот дел автогол постигна Филип Дамевски, со што Шкендија запиша нова победа.

Атрактивен меч се одигра покрај Охридското Езеро со среќен крај за Охрид кој со 4:3 славеше над Тетекс.

„Штофарите“ од Тетово имаа два гола предност преку Даниел Николовски и Рихан Зеќири, а во 35. минута домашниот тим преку Иван Глигоров намали на 1:2 на полувреме.

Во вториот дел домашниот тим направи комплетен пресврт, откако „рибарите“ поведоа со 3:2 преку погодоците на Филип Ѓоргоски и Димитриј Попоски во 76. минута.

Сепак во 85. минута од мечот Меритон Салији погоди за 3:3, но по три минути игра Бојан Затуроски постигна гол за конечни 4:3 со што трите бодови останаа во Охрид.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЗФК Шкендија Арачиново 77 11 9 2 0 20 5 +15 29
2 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 11 8 3 0 25 6 +19 27
3 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 11 7 3 1 25 10 +15 24
4 ФК СКОПЈЕ АД 11 7 2 2 26 13 +13 23
5 ФК БЕЛАСИЦА АД 11 7 1 3 27 12 +15 22
6 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 11 5 4 2 15 7 +8 19
7 ЗФК НОВАЦИ 2005 11 5 2 4 19 11 +8 17
8 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 11 4 4 3 15 8 +7 16
9 ГФК ОСОГОВО 11 5 1 5 17 12 +5 16
10 ФК КАМЕНИЦА САСА 11 3 4 4 24 22 +2 13
11 ФК ТЕТЕКС 1953 11 3 1 7 18 24 -6 10
12 ФК ПОБЕДА АД 11 3 1 7 12 31 -19 10
13 ГФК ВАРДАР Неготино 11 3 1 7 17 37 -20 10
14 ФК ПРЕСПА 11 2 0 9 10 27 -17 6
15 ФК СЛОГА 1934 11 1 1 9 11 21 -10 4
16 ФК ГОЛЕМО КОЊАРИ 11 1 0 10 4 39 -35 3


Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Драма до последната секунда во Скопје: ТФТ се врати од минус девет и го совлада Куманово, Работнички останува непоразен!

Кошаркарите на ТФТ забележаа драматична победа над МКК Куманово со 89:87 во натпревар од шестото коло на МТЕЛ Суперлигата, одигран во „Т Арената“...

Турнири

Демир Хисар подготвува фудбалски спектакл – 180.000 денари награден фонд на новогодишниот турнир!

Во Демир Хисар на 25 ноември ќе започне новогодишниот турнир во мал фудбал, кој ќе се игра во спортската сала „Јордан Пиперката“. Организаторите...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари Солидарност со „петарда“ за Кадино, Петровец со висок триумф, три бода за Гоце Делчев

Екипата на Маџари Солидарност стигна до највисоката победа во РФС 1 Четврта...

ФудбалЧетврта лига

Лозар го доби Полет од Тремник, Вардар Бистренци со триумф над Напредок од Војшанци

Петтата рунда на Општинската фудбалска лига во Неготино донесе две домашни и...

ФудбалЧетврта лига

Слога со висок триумф против Банско, Сачево извојува победа со ДЕСЕТ гола, Муртино поразен од Струмешница

Сачево ја забележа највисоката победа во 5. коло на Општинската фудбалска лига...

КупФудбал

КУП: Истатов го пречекува бранителот Тиверија Брера, Љуботен против Ас Јунајтед

Утре се играат мечевите од четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!