Трета лигаФудбал

Славеј со убедлива победа над Света Троица, Кравари со висок триумф!

Сподели
Сподели

Многу погодоци донесе седмото коло во Трета лига – Југозапад, а од кое коло дербито меѓу Могила и Влазними беше одложено и ќе се игра во друг термин.

Трите бодови заминаа во Мешеишта, откако Славеј со 1:5 го декласираше тимот на Света Троица во Охрид. Гостинот најави дека силно ги посакува трите бодови во Охрид и со голема борба на теренот стигна до посакуваната цел.

Даниел Короскоски во 31. минута го отвори резултатот за водство на гостинот од минимални 0:1, резултат со кој се замина на полувреме. Во вториот дел Даниел Митрески зголеми на 0:2 во 65. минута, а четири минути подоцна Антонио Ќитаноски зголеми на 0:3. Во 76. минута Короскоски со втор гол зголеми на 0:4, а Ќитаноски во 77. минута поради втор жолт картон беше исклучен од игра.

Три минути претходно и шефот на стручниот штаб на домашниот тим, Борис Бимбилоски заработи жолт картон.

Во 81. минута од мечот Димитар Кочески постигна погодок и намали на 4:1, а до крајот на мечот Стефан Бушиноски беше прецизен за конечни 1:5.

Кравари беше убедлив на гостувањето кај Напредок во Ношпал славејќи со 0:3 сигурна победа. Иван Иванов го отвори резултатот во 34. минута за 0:1 на полувреме. На стартот од вториот дел Јовица Христовски зголеми на 0:2, а во 90. минута Лука Лаковски ги постави конечните 0:3.

Кораб не игра според посакуваното барем не според тоа од минатата сезона, па денес на домашен терен во Дебар беше поразен од Демир Хисар со 0:3. На полувреме гостинот имаше предност од 0:2 со погодоците на Димитар Дамевски и Андреј Стевановски.


Во вториот дел Трајче Андрески го постави конечните резултатот во 90. минута.

Некогашниот второлигаш Караорман на домашен терен со 3:2 го доби мечот со Велешта, во меч каде на полувреме резултатот беше 1:1. Гостинот преку Елмаз Шеи имаше 0:1 на полувреме, а во вториот дел Христијан Спироски погоди за 1:1.

Во вториот дел следуваше и пресврт и водство на Караорман со голот на Цветан Глигороски во 65. минута за 2:1. Но гостинот, пак, преку вториот дел на Шеи дојде до 2:2 во 71. минута. Десет минути подоцна Ненад Балоски постигна гол за конечни 3:2.


Сподели

Не пропуштајте

ИнтернационалциФудбалФутсал

(ФОТО) Проект е подготвен за европскиот дуел: Последна анализа, тактика и филозофија пред Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект е подготвен за првиот европски предизвик. Вечерва од 20:00 часот тимот го очекува дуел против домаќинот Атлетик Футсал Клуб...

ИнтернационалциФудбалФутсал

🔴 Во ЖИВО од Австрија: Грац – Проект

Следете го во живо првиот натпревар во претквалификациите во УЕФА футсал Лигата на шампиони на Проект против домаќинот Грац. Дуел на шампионот на...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбалФутсал

(ФОТО) Проект е подготвен за европскиот дуел: Последна анализа, тактика и филозофија пред Грац!

Македонскиот футсал шампион Проект е подготвен за првиот европски предизвик. Вечерва од...

ИнтернационалциФудбалФутсал

🔴 Во ЖИВО од Австрија: Грац – Проект

Следете го во живо првиот натпревар во претквалификациите во УЕФА футсал Лигата...

Прва лигаФудбал

Иван Николов се врати во својот матичен клуб- Брегалница!

И официјално, Иван Николов повторно е дел од својот матичен клуб Брегалница....

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!