Прва лигаФудбал

Башкими иако е во одлична форма се раздели со тренерот Муарем

Сподели
Сподели

И покрај добрата форма и серијата од шест натпревари без пораз, екипата на Башкими 1947 изненадувачки се раздели со тренерот Муарем Муарем и неговиот помошник Енес Ќаили. Веста беше потврдена преку официјално соопштение на клубот, веднаш по ремито со Македонија ЃП (1-1) во рамките на 11. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Од клубот му се заблагодарија на Муарем и неговиот помошник Ќаили за досегашниот допринос, посакувајќи им успех во нивните кариери.

„Клубот ФК Башкими1947 ја заврши соработката со тренерот Муарем Муарем и помошниот тренер Енес Ќаили. Клубот им се заблагодарува на двајцата за придонесот, посветеноста и работата што ја завршија во претходниот период, давајќи значаен удел во развојот на екипата. ФК Башкими1947 им посакува успех и благосостојба во продолжението на нивната професионална кариера.“

Муарем го предводеше тимот на Башкими од почетокот на сезоната, во која кумановци се вратија во елитното друштво по подолга пауза. Под негово водство, екипата оствари пет победи, четири ремија и два порази, со вкупно 19 бодови и позитивна гол-разлика 17:14, што во моментов ја позиционира на петтото место на табелата.

Оваа промена доаѓа во момент кога Башкими е во стабилна форма и покажува препознатлив офанзивен фудбал, што го прави потегот на управата неочекуван за јавноста. Сепак, клубот не ги откри причините за разделбата, а се очекува во наредните денови да биде објавено името на новиот стратег.

Во следното коло кумановци ќе имаат тешко гостување кај Арсими, каде ќе се обидат да го задржат позитивниот ритам и да продолжат со добрите резултати и покрај тренерската промена.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес во Струга против „фенерџијата“ ќе бара враќање на победата и со...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа на претпоследната позиција на табелата во Првата лига. Со само една...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Алаѓозовски: Против Шкупи, посакуваме да ја завршиме годината во позитивен стил

Брера Струмица со четири порази во низа од последните пет средби денес...

Прва лигаФудбал

Работнички во обид да спаси, што може да се спаси, во последниот есенски меч

Работнички имаше очајна есен, досега собра само седум бодови и се наоѓа...

Втора лигаФудбал

Што ќе донесат денешните натпревари во Виница и Големо Коњари?

Пополека доаѓа моментот за комплетирање на 15. коло на Втората лига кое...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Големо Коњари – Тетекс

„Фенерџијата“ Големо Коњари на домашен терен ќе го пречека тимот на Тетекс...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!