Фудбал

Масар Омерагиќ и Леонид Јандреоски со нови функции во ФИФА

Сподели
ФОТО:ФФМ
Сподели

Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, е именуван за член на Олимпискиот фудбалски комитет на ФИФА – тело кое функционира под покровителство на Советот на ФИФА и има клучна улога во развојот и координацијата на фудбалот во рамки на Олимписките игри.

Комитетот, со кој претседава Самир Шауд од Бразил, има задача да соработува со Меѓународниот олимписки комитет (МОК) во сите прашања поврзани со организацијата и промоцијата на фудбалот на Олимпијадите. Заменик-претседател е Мустафа Раџи од Либерија, а меѓу членовите се истакнати фудбалски функционери од целиот свет – меѓу кои и Кохзо Ташима (Јапонија), Чармејн Крукс (Канада), Хрисостомос Гкагкатсис (Грција), Шеик Ахмад Јусеф Ал Сабах (Кувајт), Бранко Радујко (Србија) и Хелга Хелгадотир (Исланд).

Покрај тоа, Генералниот секретар на ФФМ, Леонид Јандреоски, е назначен за член на Комисијата за медиуми и комуникации на ФИФА. Ова тело има цел да ги развива и унапредува стратешките насоки на светската фудбалска федерација во областа на медиумите, дигиталната комуникација и односите со јавноста. Со Комисијата претседава Јасин Идрис Диало (Брег на Слоновата Коска), а негов заменик е Армен Меликбекјан (Ерменија).

Меѓу членовите се наоѓаат и истакнати професионалци од повеќе земји: Фатма Ал Нуими (Катар), Ајишат Фалоде (Нигерија), Ноел Муни (Велс), Хелена Пиреш (Португалија), Аманда Вандерворд (САД) и Тони Ванг (Тајван).

Именувањето на Масар Омерагиќ и Леонид Јандреоски во значајни комитети на ФИФА претставува големо признание за македонскиот фудбал и за работата на Фудбалската федерација на Македонија, потврдувајќи го угледот и влијанието на земјата во рамките на светската фудбалска организација.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Раде Цицмиловиќ се врати во Беласица, дебито ќе го има на градското дерби со Брера!

Она што Спортска Мрежа го најави во текот на вчерашниот ден, доби официјална потврда – Раде Цицмиловиќ е нов тренер на Беласица! Искусниот...

КупФудбал

Денеска се дознава последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија!

Денеска ќе биде комплетиран списокот на осминафиналисти во Купот на Македонија. Последното место во следната фаза ќе го пополнат Вардар Неготино или Работнички,...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Раде Цицмиловиќ се врати во Беласица, дебито ќе го има на градското дерби со Брера!

Она што Спортска Мрежа го најави во текот на вчерашниот ден, доби...

КупФудбал

Денеска се дознава последниот патник во осминафиналето од Купот на Македонија!

Денеска ќе биде комплетиран списокот на осминафиналисти во Купот на Македонија. Последното...

ФудбалФутсал

Клими пропушти три гола предност и ремизираше со СЕЕ Универисити, откако прими гол во финишот

Без победник заврши дуелот во Кавадарци каде Клими и повратникот СЕЕ Универисити...

Прва лигаФудбал

Десетто коло на Прва лига ќе се игра во три дена, две средби од 12 часот

Познат е распоредот за одигрување на натпреварите од 10. коло на Првата...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!