Прва лигаФудбал

Вардар по осум години ја покори Шкендија – Бабунски пресуди од белата точка!

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

По цели осум години и 21 натпревар, Вардар конечно ја совлада Шкендија во официјален натпревар! На дербито од десеттото коло во Првата македонска фудбалска лига, „црвено-црните“ извојуваа голем триумф среде Тетово, славејќи со минимални 0–1 (0–0) и се искачија на врвот на табелата.

Триумфот има и историска тежина – ова е прва победа на Вардар против тетовци од 2016 година, а херој на мечот беше Давид Бабунски, кој со ладнокрвна изведба од пенал во 49. минута му донесе огромни три бода на својот тим.

Првиот дел мина во знакот на внимателна тактичка борба. Двете екипи влегоа претпазливо, без многу ризици. Шкендија прва се закани со удари од далечина, но голманот Давор Талески беше сигурен и блескаше со неколку интервенции. Вардар возврати преку Мато и Омерагиќ, кои создадоа неколку опасни ситуации пред голот на Бубакар Гаје.

Најголемата драма во првото полувреме се случи во 31. минута, кога Шкендија имаше три шанси во само неколку секунди. Прво Бесарт Ибраими мајсторски биеше од слободен удар, но Талески ја одбрани топката со атрактивна парада. Потоа следуваа обиди на Спахиу и повторно на Ибраими, но Вардар со пожртвувана одбрана ја сочува својата мрежа.

На почетокот од второто полувреме дојде и пресудниот момент. По корнер, Ибрахим Алхасан непотребно играше со рака во својот шеснаесетник, а судијата Стојанче Трпчевски веднаш покажа на белата точка. Давид Бабунски ја презеде одговорноста и со сигурен удар по средината донесе водство за Вардар – 0–1.

До крајот од натпреварот, Шкендија се обидуваше да израмни, но Вардар со одлична дефанзива и смирена игра го задржа резултатот. Во 87. минута Бесарт Ибраими постигна погодок, но по ВАР-интервенција истиот беше поништен поради офсајд, што ја скрати радоста на тетовската публика.

Со овој триумф Вардар се врати на првото место на табелата со 24 бода, еден повеќе од Струга. Шкендија со овој пораз падна на четвртата позиција со 21 бод.

Во следното коло Вардар ќе го пречека Силекс во уште едно дерби на врвот, додека Шкендија ќе гостува кај Брера во Струмица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

АЛТА банка нов спонзор на МЗТ Скопје – официјализирано партнерството со македонскиот шампион!

МЗТ Скопје Аеродром го засилува својот спонзорски тим со ново партнерство. Клубот официјално објави дека АЛТА банка е нов спонзор на македонскиот кошаркарски...

Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На денешната ждрепка во Виена, македонскиот претставник за ривал го доби...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!