РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФОТО: Русија подобра на двата натпревари против Македонија во Струмица

Сподели
Сподели

Женската А репрезентација на Македонија одигра два пријателски натпревари против силната селекција на Русија на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, но двете средби завршија со победи на гостинките. Нашите фудбалерки беа поразени со 0:2 на првиот меч и со убедливи 0:5 на вториот контролен дуел.

Во првиот натпревар, избраничките на селекторот Александар Андов прикажаа солидна и дисциплинирана игра против фаворизираниот противник. Русија поведе рано, во 11. минута, кога Полина Јукљаева погоди по една одлична акција по левата страна. И покрај неколкуте обиди на нашите фудбалерки да израмнат, резултатот остана непроменет до самиот крај, кога во судиското надополнување Залмиева го постави конечниот резултат 0:2.

На вториот меч, Русинките ја потврдија својата надмоќ со висока победа од 5:0. Марија Дурнова го отвори резултатот во 15. минута со погодок со глава по изведен корнер.

Во вториот дел следеше целосна доминација на гостинките – Јукљаева зголеми на 0:2 во 53. минута, потоа Дарина Ишмухаметова и Глафира Жукова постигнаа уште два брзи гола, а токму Ишмухаметова со втор погодок во судиското продолжение, од пенал, го постави конечниот резултат 0:5.

И покрај поразите, овие натпревари беа одлична можност за македонската репрезентација да тестира млади фудбалерки и да стекне вредно искуство против една од најсилните селекции во Европа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Голема борба и драматичен финиш, но Вардар загуби со еден гол во Полска

Ракометарите на Вардар 1961 доживеаја нов пораз во Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај Висла Плоцк загубија со минимални 33-32 (16-13). Македонскиот...

Ракомет

Алкалоид ја наостри формата пред европското деби, Струга немаше одговор на налетот на домаќинот

Ракометарите на Алкалоид со убедливо издание ја потврдија фаворитската улога против Струга и впишаа нови бодови во домашниот шампионат. Скопскиот тим славеше со...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Нов пораз за Македонија: Швајцарија убедлива со три гола во Луцерн

Фудбалската репрезентација на Македонија со пораз ги заврши натпреварите во овој циклус...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!