ФудбалФутсал

Во меч со девет гола Проект славеше над Клими

Сподели
Сподели

Вечерва во Кавадарци беше отворено 3. коло од Првата футсал лига на Македонија, откако во меч со девет гола Проект славеше над Клими со 4:5.

Во атрактивен и неизвесен меч и двете екипи ги посакуваа трите бодови со цел да дојдат до целиот „плен“ односно освојување на трите бодови.

Домашниот тим преку Чоков и Аризанков по три минути игра имаше 2:0, а потоа гостинот преку Благојевски и Даиловски израмни на 2:2 веќе во 6. минута, а тоа беше најава за возбудливиот меч кој се одигра во Спортскиот центар „Јасмин“ во Кавадарци.

Во 18. минута од мечот Благојевски со втор гол направи комплетен пресврт за Проект од 2:3 на полувреме.

Во вториот дел Михајлов и Гавровски погодија за 2:5, а до карјот Никовиќ со два гола само го ублажи поразот на конечните 4:5.

Утре Форца ќе игра против Кеги Моби, а пак в недела Јувентус Серава против Осогово од Крива Паланка, Црна Река против Железарец, а пак Бутел со Шкупи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Радовиш се засили со лев бек од Молдавија и пивот од Бразил

Ракометниот клуб Радовиш за плеј-аут сегментот на Суперлигата каде ќе води тешка борба за опстанок се засили со двајца нови играчи. Радовишани се...

Прва лигаФудбал

Беса со две важни и големи победи во низа, победничка атмосфера кај тимот од Добри Дол во трката за опстанок!

Како што претходно објави Спортска Мрежа трката за опстанок во Прва лига ќе биде повеќе од неизвесна. Одамна не било вака повеќе екипи...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кои екипи се најмногу загрозени за испаѓање во Втора лига?

Борбата за опстанок во Првата македонска фудбалска лига ќе биде голема, повеќе...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска ќе ја дели правдата натпревар во Лига на шампиони

Најдобрата македонска судијка Ивана Пројковска ќе суди натпревар од Лига на шампиони...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!