Фудбал

Ѓорги Христов учествуваше на семинар за техничко лидерство на ФИФА и УЕФА во Будимпешта

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Техничкиот директор на Фудбалската федерација на Македонија, Ѓорги Христов, учествуваше на семинар за техничко лидерство организиран од ФИФА и УЕФА, кој се одржа во Будимпешта.

Настанот ги обедини техничките директори од земјите членки на УЕФА со цел размена на искуства и унапредување на знаењата во управувањето со техничките програми и развојот на фудбалот. Преку интерактивни сесии и дискусии, учесниците беа запознаени со ресурсите и поддршката што ФИФА и УЕФА ги нудат за долгорочен фудбалски развој, како и со најсовремените програми за едукација и лидерство.

„Семинарот е одлична можност за размена на искуства и идеи со колеги од целиот свет. Преку вакви иницијативи добиваме насоки како да го унапредиме техничкиот развој на фудбалот во Македонија, од грасрут до елитни категории“, изјави Ѓорги Христов.

Тој додаде дека развојот на квалитетни технички лидери е клучен за напредокот на фудбалот, како на теренот така и надвор од него, со цел да му се даде шанса на секој талент и фудбалот да расте на сите нивоа.

ФИФА преку континуирани инвестиции во програмата FIFA Technical Leadership има за цел да ги подигне стандардите на управување, да поттикне иновации и да промовира одржлив раст, создавајќи нова генерација фудбалски лидери кои ќе придонесат за напредок на фудбалот на глобално ниво.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

ФОТО: Победа го декласираше Борец со четири гола, домашни победи за Башкими, Росоман и Бучин

Прилепска Победа пред полна стадион го декласираше Борец со 4:0 на отварањето на 6. коло на Трета лига регион 4. Домашниот состав имаше...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Вардар Брвеница со убедлива победа над Јехона

Вардар Брвеница со убедлива победа од 6:0 над Јехона го отвори 6. коло на Трета лига регион 6. Даниел Јандриески го отвори резултатот,...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

ФОТО: Победа го декласираше Борец со четири гола, домашни победи за Башкими, Росоман и Бучин

Прилепска Победа пред полна стадион го декласираше Борец со 4:0 на отварањето...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Вардар Брвеница со убедлива победа над Јехона

Вардар Брвеница со убедлива победа од 6:0 над Јехона го отвори 6....

Трета лигаФудбал

Демир Хисар до победа од три гола против Крошу Спорт

Екипата на Демир Хисар се израдува на првата сезонска победа откако славеше...

Трета лигаФудбал

Јуниор преку пресврт го доби Липково, Победа од Тромеѓа слави домашна победа

Победа од Тромеѓа забележа победа во 6. коло на Трета лига регион...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!