КупФудбал

Трпчевски ќе им суди на Башкими и Силекс, Смоквски на Вардар и Новаци

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Познати судиите за осминафиналните натпревари од Купот на Македонија, од кои три ќр бидат утре на програмата, а еден в среда.

Доне Ристовски од Гевгелија ќе биде главен судија на мечот меѓу Македонија ЃП и Струга Трим Лим. Негови помошници ќе бидат Тоше Ицев и Душко Панов од Кавадарци, а пак Боби Величков од Велес ќе биде четврт судија.

Николче Ивановски од Битола ќе биде делегат, а пак Никола Караколев од Штип е делегиран за контролор.

Башкими ќе се соочи со Силекс, а главен судија ќе биде Стојанче Трпчевски од Кавадарци, а негови асистенти ќе бидат Дарко Видиниќ и Филип Ицковски од Скопје. Четврт судија ќе биде Марјан Младеновски од Скопје.

Горан Илиќ од Скопје е делегат, а Игор Ширилов од Скопје е контролор.

Фуркан Идризи од Тетово ќе им суди на Работнички и Брегалница, а ќе му помагаат Александар Ѓорѓески и Идриз Идризи од Тетово, а четврт судија ќе биде Александар Урошевиќ од Тетово.

Гоце Шопоски од Струга е делегат, а контролор ќе биде Димитар Мечкаровски од Скопје.

Димитар Пилешков од Штип ќе им суди на Шкендија Арачиново и Пелистер, а ќе му помагаат Кристијан Џонов од Штип и Зоран Саздовски од Скопје. За четврт судија е делегиран Здравко Костовски од Штип.

Делегат ќе биде Антонио Насевски од Кратово, а контролор Јосип Бартон од Тетово.

Овие три меча се играа утре со почеток од 14 часот.

Натпреварот меѓу Вардар и Новаци ќе се одигра в среда од 14 часот. Главен судија на овој меч ќе биде Кирил Смоквоски од Прилеп, а ќе му помагаат Иле Мишески и Дино Конески, исто така од Прилеп.

Бењамин Ќерими од Скопје ќе биде четврт судија, делегат ќе биде Кочо Зердески од Кичево, а Коле Василев од Скопје ќе биде контролор.

Осминафиналето ќе се комплетира на 19 ноември со мечот меѓу Шкендија и Тиквеш. Досега од осминафиналето се одиграа два меча, а од кои место во четвртфиналето обезбедија второлигашите Детонит Плачковица кој со 0:1 ја доби Беласица и Охрид кој со 3:0 го декласираше Шкупи.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз – Струмица, Илија Илиев – Рома, претставник на...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно, со голема борба, силна конкуренција, како да се стигне до првото...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Андонов: Поддршката за фудбалот во Василево продолжува – следуваат нови инвестиции

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов, оствари продуктивна средба со претседателот на...

ФудбалФутсал

ТАБЕЛА: Проект непоразен на врвот, доста екипи израмнети на средината, Мал Ајакс и Осогово на дното

Конечно се комплетираше Првата футсал лига со сите одложени средби, а со...

ФудбалФутсал

Форца во второ полувреме го доби Клими

Актуелниот шампион Форца со одлично второ полувреме го доби Клими за триумф...

ОстанатоФудбалФутсал

ФОТО: Успешен старт на футсал сезоната за средните училишта во Охрид

Во Спортската сала „Билјанини Извори“ денес се одигра првото коло од општинското...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!