Трета лигаФудбал

ВИДЕО: Фудбалот во Пирава се сака, ФК Ударник има силна поддршка од трибините

Сподели
Сподели

Фудбалот во валандовското село Пирава се сака – фудбалскиот клуб Ударник кој се натпреварува во Третата македонска фудбалска лига – Исток има силна поддршка од трибините.

По шест кола во Трета лига – Исток, екипата на Ударник е на делба на првото место заедно со Победа Валандово со по 12 бодови, но екипата на Валандово има меч помалку.

Ударник годинава игра допадлив фудбал и со ангажманот на неколкуте квалитети и искусни засилувања сигурно е дека ќе цели кон висок пласман односно ќе го напаѓа првото место кое води кон баражот за можен влез во Втора лига. Тука се искусните Александар Тенекеџиев кој е капитен на тимот, потоа Илија Баламов, Адријан Спасиќ, Славе Танов, Јовче Крстев, Мирче Попов, Лазе Грбашлиев…. Од екипата на Ударник најдобар стрелец е Адријан Спасиќ со четири погодоци.

Атмосферата на трибините во Пирава кога игра ударник е фантастична, а збогатена со навивачката група „пирати“. Во следното коло екипата на Ударник ја очекува гостување во Нов Дојран кај тимот на Дојранско Езеро.

Дефинитивно е за поздравување работата и организацијата на Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Валандово, бидејќи со целосната реореганизација и по доаѓањето на Сашко Бајлозов за претседател на ОФС Валандово, ФК Победа Валандово се врати во Трета лига – Исток, се врати и Општинската фудбалска лига (ОФЛ) во Валандово, а дефинитивно и одличните резултати како на Победа Валандово, така и на Ударник потврдуваат дека валандовско секогаш знае да дава фудбалски таленти.

Сподели

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

(ФОТО) ЖФК Борец достојно ја претставува Македонија во Торино: Велешанки дел од силен меѓународен турнир во Италија

Женскиот фудбалски клуб Борец од Велес достојно ги брани боите на Македонија на престижен меѓународен турнир кој се одржува на 27 и 28...

Останато

Стартуваат квалификациите на Macedonian Open 2026

Од денес на терените на ТК Југ во Градски парк во Скопје ќе стартуваат квалификациите за годинашново издание на Macedonian Open 2026. Турнирот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Арсими продолжува со проверениот стручен штаб: Вилдан Салиу останува на кормилото и во новата сезона

Прволигашот Арсими од Чегране ќе ја задржи стабилноста во стручниот штаб и...

Прва лигаФудбал

Нов бисер од Работнички пристигна во Кратово: Силекс го ангажира Никола Манојлов

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува со засилувањата во пресрет на...

Прва лигаФудбал

Бразилско засилување за дебитантот Шкендија Арачиново

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува со интензивното засилување на играчкиот кадар во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!