Втора лигаФудбал

Дербито на Истокот се игра во Радовиш: Детонит Плачковица ја предизвикува Брегалница

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Осмото коло од Втората лига го носи и дербито на Истокот кое се игра во Радовиш меѓу Детонит Плачковица и лидерот Брегалница. Дерби на двајцата штипски стратези Горан Здравков против Трајче Сенев на Градскиот стадион во Радовиш.

Здравков е поранешен тренер на Брегалница, но како играч исто така го носеше дресот на штипската фудбалска гордост, повеќе од јасно дека го познава тимскиот дух и атмосферата на својот поранешен клуб.

Брегалница е единствениот непоразен тим во Втората лига со скор од пет победи и две ремија, но во Радовиш за „сините“ на Сенев ќе биде навистина тешко гостување, минатата сезона никој не успеа да триумфира, а сезонава само Новаци успеа да го совлада Детонит на негов терен, но сега радовишани се стабилизирани и повеќе од јасно е дека ќе сакаат три бода и триумф над лидерот Брегалница.

Во новата сезона Брегалница има за цел експресно да се врати во Првата лига и засега одлично им оди на штипјани кон таа цел, а тоа може да направи притисок на гостувањето во Радовиш, бидејќи Детонит го нема тој притисок.

Од друга страна одличниот Башкими кој има отвори амбиции за Прва лига, како Арсими и Кожуф кои од втор план сакаа влез во Прва лига им прават притисоци на фаворитите Брегалница и Македонија ЃП кои на секој меч одат само по три бодови.

Детонит на последните пет натпревари има скор од три ремија и две победи, а од друга страна нападите и на двете екипи се идентични со по десет постигнати погодоци, но Брегалница е нешто подобра во одбраната со примени четири во однос на тоа што радовишани имаат примено седум погодоци.

Брегалница нема право на грешка, бидејќи повеќе од сигурно е дека ќе го загуби лидерското место, па дури може да се спушти и до третото место, додека пак Детонит Плачковица со три бодови ќе прогресира на табелата и ќе се вмеша одново барем за третото место и баражот за Прва лига.

Дербито на Истокот се игра в сабота од 14 часот на Градскиот стадион во Радовиш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига, а со по два меча во сабота и недела ќе се...

Кошарка

Струмица голем фаворит, Вардар ќе го предизвикува Бутел, Соколи на незгодно гостување во Прилеп

Првата македонска лига продолжува со шестото коло во ТОП 8 фазата, кое ќе се игра во текот на претстојниот викенд. Новите четири натпревари...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанов ќе им суди на Арсими и Вардар, Илиоски главен во Битола, Пилешков во Кавадарци

Утре со два меча стартува 24. коло на Првата македонска фудбалска лига,...

Втора лигаФудбал

Горан Тодорчев повторно на кормилото на Вардар Неготино – опстанок преку баражот е главна цел

Второлигашот Вардар Неготино во продолжението од сезоната, каде што ќе се води...

Втора лигаФудбал

„Рибар“ и „пират“ на врвот на листата на најдобри стрелци во Втора лига!

По 20 кола во Втора лига продолжува битката кој да биде најдобар...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!