Ракомет

Фереира Еспиња опериран – Вардар без првиот голман најмалку еден месец

Сподели
ФОТО: РК Вардар
Сподели

Ракометниот клуб Вардар остана без својот прв голман за наредниот период. Португалецот Мигуел Фереира Еспиња ќе паузира од четири до шест недели, откако беше подложен на операција на коленото.

„Црвено-црните“ ќе мора да се снаоѓаат без важниот член на својот тим, кој во текот на неделата успешно беше опериран од доктор Небојша Настов. Интервенцијата помина без компликации, а според лекарските проценки, голманот ќе започне со рехабилитација веднаш по завршувањето на почетниот период на опоравување.

Фереира Еспиња уште од стартот на сезоната чувствуваше болки во коленото, што го спречуваше да настапува со полн интензитет. По консултација со медицинскиот тим на клубот, беше одлучено проблемот да се реши хируршки, со цел целосно закрепнување и подготвена враќање меѓу стативите.

Во Вардар се надеваат дека опоравувањето ќе помине според планот и дека искусниот чувар на мрежата наскоро повторно ќе им се придружи на соиграчите.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска конкуренција. Во оваа фаза од Купот пласман обезбедија само прволигашите. Истатов...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби Топ Гол, Јоана Никова херој: Охриѓанки со одличен старт во новата сезона

Денес се комплетираше второто коло на Втората женска фудбалска лига откако Билјанини Извори со 2:1 славеше над ланскиот прволигаш Топ Гол од Битола...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!