Ракомет

Историски настап: Митревски и Тодоровски дебитираат на Европското првенство 2026!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ја објави листата на арбитри кои ќе ја делат правдата на претстојното Европско првенство во ракомет за мажи, што ќе се одржи во Данска, Шведска и Норвешка во јануари 2026 година.

На листата се најдоа вкупно 18 судиски двојки од цела Европа, а меѓу нив два македонски пара, што претставува историски момент за македонското судиско тело. Со тоа, Македонија, заедно со Шпанија, е единствената земја што ќе има двојна судиска претстава на континенталниот собир.

Своето деби на големо натпреварување во сениорска конкуренција ќе го имаат Димитар Митревски и Благојче Тодоровски, додека искусниот пар Славе Николов – Ѓорѓи Начевски повторно ќе биде дел од елитата на европските арбитри.

Номинацијата претставува значајно признание за континуираниот напредок и професионалноста на македонските ракометни арбитри, кои со години уживаат висока доверба во рамките на ЕХФ.

Европското првенство во 2026 година ќе се одржи во Хернинг, Осло, Малме и Кристијанштад, во периодот од 15 јануари до 1 февруари 2026 година.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Виши: Ќе го дадеме максимумот и ќе се бориме до самиот крај

Иако некогаш овој дуел се сметаше за големо градско дерби, оваа сезона ситуацијата на теренот е сосема поинаква, па претстојниот натпревар повеќе наликува...

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Седум натпревари од 25. коло на Втора лига

Со седум натпревари денес ќе биде отворено 25. коло на Втората македонска фудбалска лига, а ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Поврзани написи
Ракомет

Вардар на чекор до големо засилување: Фадуил на мета на „црвено-црните“

Македонскиот ракометен гигант Вардар сериозно работи на засилувањата за следната сезона, а...

Ракомет

Вардар сигурно до финале во Купот – „црвено-црните“ ќе се борат за нов трофеј против Алкалоид

Ракометарите на Вардар повторно ќе играат во финалето на Купот на Македонија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!