ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Бехар Фета игра во одлична форма за Алуминиј – постигна атрактивен гол!

Сподели
Сподели

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Бехар Фета игра во одлична форма за Алуминиј од Словенија, откако постигна нов атрактивен гол и на тој начин обезбеди бод за неговиот тим.

На овој начин тимот на Фета е на три бода од второто место на табелата.

За 22-годишниот фудбалер ова е трет гол во дресот на Алуминиј, а притоа запиша и три асистенции, а во тековната сезона има и десет настапи со 805 минути игра.

Дефинитивно Бехар Фета игра во една одлична форма, а погодокот против актуелниот шампион Олимпија Љубљана е потврда за квалитетот, но и формата во која е Фета.

22-годишниот фудбалер од Скопје низ својата кариера има настапувано и за Марибор и Домжале, а во Македонија го носеше дресот на охридска Воска Спорт од каде и ја започна својата интернационална кариера. Беше дел од Фортуна, неговиот матичен клуб, потоа Њу Старс и Шкендија од Тетово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!