ФудбалЧетврта лига

ФК Слога од радовишко Злеово се враќа на фудбалската карта – подготвена за настап во ОФЛ Струмица

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Слога од Злеово по неколку години пауза одново се активира и се враќа на фудбалската карта на Македонија.

Клубот од радовишкото село ќе настапи во новата сезона во Општинската фудбалска лига во Струмица, а ФК Слога ќе биде единствениот тим од радовишко кој ќе се натпреварува со останатите седум екипи во ОФЛ Струмица или Четврта лига по ранг на натпреварување.

Од клубот за Спортска Мрежа истакнаа дека се подготвени за настап во новата сезона, а на овој начин овој спортско колектив дава големо значење за локалниот фудбал, со цел младите да се насочат кон спортот и кон правилен раст и развој.

„Веруваме дека ваквата промоција ќе придонесе не само за афирмација на клубот, туку и за поттикнување на младите да се занимаваат со спорт и да го продолжат спортскиот дух во нашите општини“, велат од клубот за Спортска Мрежа.

После долги години одново во радовишкото село Злеово ќе се игра фудбал, а клубот е максимално организиран и подготвен за новата сезона во ОФЛ Струмица.

Претседател на клубот е Марјан Рујков, а тренер на екипата е Трајче Чамов, додека пак во управата на клубот се и Ангел Филип и Мите Стоименов.

Во самото село интерес за фудбал има, а клубот домашните натпревари ќе ги игра на фудбалскиот терен во село Злеово.


Покрај екипата на Слога од Злеово како единствена од радовишко, во новата сезона на ОФЛ Струмица ќе се натпреваруваат и седум струмички екипи односно Огражден од Ново Село, Дрвош од село Дрвош, Илинден од село Добрејци, Интер Кукла од село Куклиш, екипата на Единство од село Пиперово, Спартани од Градско Балдовци и екипата на Напредок од село Радово.

По неколку години се враќа и Општинската фудбалска лига во Струмица, а претседателот на Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Струмица со максимално залагање од неговата страна и од страна на секретарот Столе Костадиновски овозможија да се врати фудбалот во струмичко и радовишко со враќањето на Општинската фудбалска лига.


Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја брани двојната круна, а два поранешни шампиони сакаат да го соборат...

Ракомет

Каркалашев: Со полна сала и максимална мотивација можеме до првата победа против Еурофарм Пелистер 2

Младост во претходното коло пропушти можност за прва сезонска радост против Мулти Есенс, откако ремизираше и во Богданци се врати во бод, фокусот...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект одбрана на титулата ја стартува од Валандово, дерби на Форца и Шкупи, предизвик за новите прволигаши

Утре во Валандово стартува новата сезона во Првата футсал лига, Проект ја...

Втора лигаФудбал

(ФОТО СТАТИСТИКА) Дерби во Струмица под рефлектори: Беласица против Пелистер

Седмото коло на Втората македонска фудбалска лига ќе се заокружи со дерби...

Трета лигаФудбал

Вардар Неготино суспендиран од Трета лига регион 4 поради неисполнети финансиски обврски

Нови проблеми за ГФК Вардар Неготино, откако клубот минатата сезона испадна од...

КупФудбал

КУП: Истатов домаќин на Тиверија Брера, Каменица Саса ќе има лесна задача, Пелистер и Љуботен домаќини

Денес беа извлечени двојките за четвртфиналето од Купот на Македонија во женска...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!