Прва лигаФудбал

ФОТО: Македонија ЃП доминантна – четири гола за сигурна победа над Арсими

Сподели
Сподели

Македонија ЃП ја отвори деветтата рунда во Првата македонска фудбалска лига со убедлив триумф од 4-1 против Арсими, обезбедувајќи ги трите бода и искачување на табелата кон средината. „Лавовите“ на својот терен ја потврдија улогата на фаворит и со ефикасна игра стигнаа до најубедливиот сезонски резултат.

Домаќините го наметнаа темпото уште од самиот старт и рано стигнаа до предност. Во 13. минута Клинтон Осеи одлично асистираше, а Ѓорѓи Стоилов прецизно ја затресе мрежата за 1-0. Само осум минути по почетокот на второто полувреме, по една мешаница во одбраната на гостите, Мартин Талаков беше најснаодлив и ја зголеми предноста на 2-0.

Арсими сепак успеа да врати надеж во 68. минута преку Шефик Шефити, кој со убав удар го совлада голманот Јанков. Но радоста траеше кратко – нивниот фудбалер Џемиљ Јахији веднаш потоа доби втор жолт картон и остави простор за уште поголема доминација на „лавовите“.

Искусниот Гереро во 81. минута ја искористи грешката на голманот на Арсими и ја зголеми предноста на 3-1, а во самиот финиш Кире Маркоски со прецизен удар го постави конечниот резултат – 4-1.

Со оваа победа Македонија ЃП ја запиша својата четврта сезонска радост и стигна до 12 освоени бода, додека Арсими остана со негативен биланс и ќе мора да бара рехабилитација во следното коло. Во новата рунда „лавовите“ ќе гостуваат кај Работнички, а Арсими ќе има тешка задача на гостувањето во Кавадарци против Тиквеш.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две минимални победи, еден убедлив триумф со осум гола, а еден меч...

ФудбалЧетврта лига

Горски слави триумф над Плавник, Форца Нова убедлива, минималец за лидерот Раштани Спорт

Осмото коло на Општинската фудбалска лига на Велес донесе погодоци на сите мечеви, само една гостинска и четири домашни победи. Со голот на...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

Маџари со триумф над Победа, Кадино го декласираше Ускуп со осум гола

Деветтата рунда на Четвртата лига РФС 1 во Гази Баба донесе две...

ФудбалЧетврта лига

Горски слави триумф над Плавник, Форца Нова убедлива, минималец за лидерот Раштани Спорт

Осмото коло на Општинската фудбалска лига на Велес донесе погодоци на сите...

ФудбалФутсал

ПРОЕКТ НЕ ЗНАЕ ЗА ПОРАЗ! Шампионот ја покори и Форца, Јосифово слави – шест од шест и моќна порака во битката за одбрана на двојната круна!

Неверојатна победничка серија има македонскиот футсал шампион Проект, вечерва во Гевгелија тимот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!