Ракометарите на ГРК Охрид во недела ги очекува големото дерби против Еурофарм Пелистер во Битола, натпревар кој со право привлекува големо внимание во рамките на Суперлигата. Охриѓани во пресрет на мечот најавуваат голема борба и цврста игра, со цел да се дојде до позитивен резултат против фаворитот. За Спортска Мрежа, своите очекувања од овој меч, ги изнесе бекот на охриѓани, Дејан Кукуловски.
Тој истакна дека ги очекува тежок дуел во Битола против Пелистер, но верува дека ќе се одигра неизвесен и интересен натпревар. Исто така, потсети и дека тимот веќе покажа дека може да се носи со екипите од врвот. Според него, цврстата одбрана и дисциплината во нападот би можеле да бидат клучот за позитивен резултат во Битола.
„Нè очекува едно тешко гостување против екипата на Пелистер, во Битола. Немавме многу време да се подготвиме, но мислам дека ќе биде еден тежок и интересен натпревар. Исто така, покажавме дека можеме да се носиме со екипите од врвот и одиме во Битола да го дадеме максимумот како и секогаш, и мислам дека со една цврста одбрана и што поголема дисциплина во нападот можеме да дојдеме до позитивен резултат“, изјави Кукуловски.
Охриѓани во досегашниот дел од сезоната покажаа дека можат да бидат рамноправни и со најсилните ривали во првенството, па така и гостувањето во Битола го гледаат како уште една можност да се докажат на големата сцена.