Втора женска фудбалска лигаФудбал

Максимовска главна во Велес, Лековски ќе им суди на Билјанини извори и Слободен

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Викендов се игра 4-то коло од Втората женска фудбалска лига, а делегирани се судиите кои ќе ја делат правдата на трите второлигашки натпревари.

Утре на Градскиот стадион во Велес, со почеток од 11:00 часот, Борец ќе ја пречека екипата на Плачковица. Главен судија на овој натпревар ќе биде Јована Максимовска од Скопје, а ќе и помагаат Тамара Астарџиева и Теодора Крстевска, сите од Скопје. Контролор на мечот ќе биде Марјан Петров од Кавадарци.

Во недела, со почеток од 11:30 часот на игралиштето во село Кравари, Конзули Јунајтед ќе се соочи со Порече. Правдата ќе ја дели Иле Мишески од Прилеп, а ќе му помагаат Темелковски Давид и Јакопетревски Михаил. Контролор на натпреварот е Зоран Костоски од Прилеп.

Во недела, со почеток од 14:30 часот во Охрид, Билјанини Извори ќе ја пречека екипата на Слободен. Главен судија ќе биде Лековски Дени, а помошници ќе му бидат Степановски Петар и Дрнковски Николче, сите од Битола. Контролор на натпреварот ќе биде Дивитаров Мендо, исто така од Битола.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!