Кошарка

Стартува кошаркарската Суперлига ќе се игра во четири дена, колото го отвараат МЗТ Скопје и Маџари

Сподели
ФОТО: КФСМ
Сподели

Кошаркарската Суперлига на Македонија овој викенд ќе ја започне новата сезона. Отворањето е закажано за денес со дербито меѓу актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром и Маџари, во салата „Јане Сандански“.

Првото коло ќе се одигра во четири дена – од петок до понеделник, со низа интересни дуели низ повеќе градови во Македонија.

Новата сезона ветува голема возбудливост, со дерби дуели уште од самиот старт и борба за позициите кои носат плејоф. Трофејот во македонската кошаркарска Суперлига ќе го брани актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Екипата на Васко Атанасов повторно важи за главен фаворит за титулата, но овојпат се очекува поголем отпор од солидно засилениот Пелистер, но  својата шанса ќе ја бараат и амбициозните тимови како ТФТ, Феникс и Работнички, Кожув.

Распоред на првото коло:

  • Петок (03.10)
    МЗТ Скопје – Маџари (18:00)

  • Сабота (04.10)
    Гостивар – Тиквеш (18:00)

  • Недела (05.10)
    Кожув – ТФТ (18:00)
    Чаир – МКК Куманово (19:00)
    Феникс – Ангели (20:30)

  • Понеделник (06.10)
    Работнички – Пелистер (18:00)

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј Пал, кој во сезона 2026/2027 ќе го носат дресот на амбициозниот...

Втора лигаФудбал

Шкупи без победа речиси една година – тимот од Чаир повторно кај Кожуф, последниот противник што го совлада!

Ланскиот прволигаш Шкупи продолжува со црната серија и во Втората македонска фудбалска лига. Чаирчани имаа лош старт во второлигашката конкуренција, откако во првото...

Поврзани написи
Кошарка

Соколи има амбициозен проект: Промовирани Кам Хамилтон и Џеј Пал од Америка

Кошаркарскиот клуб Соколи ги промовираше двете странски засилувања Кам Хамилтон и Џеј...

Кошарка

Михаил Стојанов е ново засилување за КК Кожув

КК Кожув го претстави своето ново засилување за сезоната – 21-годишниот македонски...

Кошарка

КК Соколи 1933 стартуваа со подготовките за новата кошаркарска сезона

Кошаркарскиот клуб Соколи 1933 вчера го одржа првиот тренинг под водство на...

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!