РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Горан Станиќ го објави списокот на фудбалери У21: Македонија подготвена за дуелите против Ерменија и Црна Гора

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Селекторот на македонската репрезентација до 21 година, Горан Станиќ, го објави списокот на фудбалери  за натпреварите против Ерменија (10 октомври, „Петар Милошевски“, Битола) и Црна Гора (14 октомври, Подгорица) во рамките на квалификациите за ЕП 2027.

На списокот се повикани 23 фудбалери:

Голмани: Васко Василев (Работнички), Љупче Џеков (Силекс), Славе Вргов (АП Брера)

Одбрана: Давид Даилоски (Венло, Холандија), Андрија Димески (Вождовац, Србија), Андреј Аризанкоски (АП Брера), Анес Мелиќи (Шкендија), Ѓорге Џеков (Силекс), Нуман Ајетовиќ (Шкендија), Меметриза Хамза (Струга Трим Лум), Џезаир Авдули (Арсими)

Среден ред:Матеј Ангелов (Работнички), Шабан Зенку (Струга Трим Лум), Адриан Зенделовски (Олимпик, Шведска), Теодор Николовски (Работнички), Мартин Ѓоргиевски (Збројовка Брно, Чешка), Матеј Гаштаров (Црвена Звезда, Србија)

Напад: Михаил Талевски (Вардар), Димитар Данев (Вардар), Кире Стојанов (АП Брера), Мухамед Елмас (Македонија Ѓ.П.), Дашмир Елези (Работнички), Димитар Трајков (Работнички)

„Во составот има само една промена од претходните натпревари. Шабан Зенку, со одличните настапи во Струга, заслужи место и се надевам дека ќе ја зголеми конкуренцијата во тимот. На двата натпревари одиме на победа. Деловите од мечевите против Полска и Италија ни даваат причина за оптимизам. Атмосферата во тимот е одлична, а со поддршката на навивачите во Битола ќе покажеме вистинска енергија и борбен дух. Трите бода дома се клучни за продолжување на квалификациите“, изјави Станиќ.

Македонската У21 репрезентација квалификациите за ЕП 2027 ги започна со два порази: на гости загуби со  3:0 од Полска и минимален пораз 1:0 од Италија во Битола.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија веќе има два бода, а Грција вечерва го игра првиот меч против Шведска

Македонија веќе ја заврши првата задача во квалификациите со победата од 41:23...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Таневски повика 24 фудбалери за контролниот дуел со Србија

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година на 12 ноември ќе...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!