Останато

Сара Митевска и Марко Алексовски ги завршија настапите на силните меѓународни турнири

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Двајца млади македонски тенисери ја завршија својата недела на силни меѓународни турнири со солидни настапи.

Сара Митевска играше на турнир од категорија 1 во словачкиот град Хумене (до 16 години). Таа во поединечна конкуренција беше поразена од Хрватката Ива Јерковиќ со 2-0 во сетови (6:1, 6:4). Интересно е што токму Јерковиќ подоцна избори место во финалето на турнирот. Во конкуренција на двојки, Митевска настапи заедно со Јерковиќ, но тие беа поразени од украинско-руманскиот тандем Ирма Чуклич и Ајана Миту, кои на крајот и го освоија трофејот.

Марко Алексовски ја претставуваше Македонија на силниот турнир World Tec Cup во Барселона, кој е дел од Суперкатегорија, најсилното ниво во јуниорскиот тенис. Тој својот настап го заврши во третата рунда, каде што беше совладан од Швајцарецот Јонас Ваелти со 2-0 (7:6, 6:1).

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Станковски: Задоволен сум од настапот на Мундијалот, генерација со многу талентирани играчи

Репрезентација на Македонија до 15 години (генерација 2011) во периодот од 22. октомври до 1. ноември беше дел од Светското првенство во натпреварувањето...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!