Ракомет

Прва победа за Струга во Суперлигата – Радовиш останува без бодови

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Струга конечно стигна до првата победа сезонава во Суперлигата, совладувајќи го Радовиш со 27-24 на домашен терен во СЦ „Тими“.

Избраниците на Жарко Ферукоски водеа од самиот старт и ја контролираа играта, па уште на почетокот стружани имаа 3-0, а потоа во неколку наврати ја зголемуваат предност во 12 минута имаа 7-2 како и 11-6, а на полувреме заминаа со предност од 14-10.

Иако радовишани се обидоа да се вратат во игра во вториот дел и стигнаа до 22-20, но не доволно за цел пресврт, со што Радовиш го запиша петтиот пораз.

Костов беше најефикасен со седум голови, Ферукоски додаде шест, а голманот Тутенкоски блескаше со 13 интервенции. Кај Радовиш капитенот Постолов постигна осум погодоци, а Ацев и Паунов заедно запишаа десет одбрани.

Со овој триумф Струга ги запиша првите бодови и ќе влезе со повеќе самодоверба во следното коло против Прилеп. Радовиш, пак, останува единствен тим без бодови по пет кола и закован на дното од табелата. Во наредното коло ќе има уште потежок предизвик – дуел со Вардар, каде радовишани сосема сигурно ќе го запишат шестиот пораз, прашање ќе биде само со колку разлика ќе загубат на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект го промовираше младиот и талентиран Јован Бојчев

Шампионот Проект промовираше уште едно млад и талентиран играч за новата сезона, се работи за 17-годишниот играч Јован Бојчев. Младиот фудбал потекнува од...

ИнтернационалциФудбал

Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски ќе делат правда на мечот меѓу Словачка и Украина

Македонските судии Ивана Пројковска и Елена Соклевска – Илиевски добија нова задача од УЕФА. Двете ќе бидат дел од судиската екипа на натпреварот...

Поврзани написи
Ракомет

Зечевиќ пред дербито со Алкалоид: „Верувам во својата екипа, ќе ја израдуваме охридската публика“

По убедливиот пораз на гостувањето кај Вардар во минатото коло, ракометарите на...

Ракомет

Пелистер до првиот европски бод, Кузмановски со капитенска партија за паметење!

Еурофарм Пелистер стигна до првиот бод во новата сезона во Европската лига,...

Ракомет

ЕКСКЛУЗИВНО: Моралес пред Вардар – Висла: „Два бода од „Јане Сандански“ се многу тешка задача!“

Вардар го очекува нов европски предизвик во Лигата на шампионите, а на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!