Ракомет

Лиапис: ,,Веруваме во победа пред нашата публика“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

ГРК Охрид го пречекува ГРК Тиквеш во дербито на петтото коло од ракометната Супер лига.

Во среда, на 1 октомври, во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид со почеток од 18:30 часот, охриѓани ќе имаат можност да го бодрат својот тим во важен дуел против амбициозниот состав на Тиквеш 2014.

Играчот на ГРК Охрид, Николаос Лиапис, пред натпреварот изјави дека екипата е подготвена максимално сериозно:

„Свесни сме дека ниту еден натпревар не е лесен и дека мора кон секој да пристапиме со сериозност и постојаност. Верувам дека ќе одиграме силно и во одбрана и во напад и ќе извојуваме победа пред нашата публика.“

Домашните очекуваат поддршка од трибините и нова победа на свој терен, додека кавадарчани ќе се обидат да изненадат и да се наметнат со својата игра.

Сè е подготвено за уште една ракометна вечер во Охрид, во која ќе се судрат амбициите и формата на двата тима.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!