Втора лигаФудбал

Варадиновски: „Голем бод за нас на тешко гостување во Охрид“

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање на фотографијата!
Сподели

Во дербито на 5. коло од Втората македонска фудбалска лига, кое се одигра на стадионот „Билјанини Извори“, екипите на Охрид и Кожуф ремизираа без голови (0-0). Натпреварот понуди голема борба и динамика, а на крајот поделбата на бодовите најмногу ѝ одговараше на гевгелиската екипа.

Тренерот на Кожуф, Иван Варадиновски, истакна дека е задоволен од исходот.

„Нормално е дека на вакво гостување против еден од претендентите за Прва лига мораме да бидеме задоволни со овој освоен бод. Ќе бидам искрен, Охрид имаше повеќе од натпреварот и повеќе изгледни шанси, но нашиот голман беше на висината на задачата. Имавме и ние свои моменти кои можевме да ги искористиме, но на крај честитки до моите играчи – за нас ова е доста голем бод,“ изјави Варадиновски за „Спортска Мрежа“.

Со ова реми, Кожуф покажа дека знае да биде конкурентен и на најтешките гостувања, а бодот од Охрид може да биде важен во понатамошниот тек на шампионатот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Охрид го чува врвот, Кожуф ја изненади Брера, Осогово на бод до Новаци

Охрид, Пелистер и Работнички со победи ја продолжија трката на врвот во Втората македонска фудбалска лига. Саботната програма од 12. коло донесе гостински...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Познати термините за баражот на Македонија против Кипар

По жрепката во Нион, УЕФА ги одреди и термините за одигрување на бараж натпреварите во сите конкуренции од Лигата на нации. Првиот дуел...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид го чува врвот, Кожуф ја изненади Брера, Осогово на бод до Новаци

Охрид, Пелистер и Работнички со победи ја продолжија трката на врвот во...

ФудбалФутсал

Кратово се израдува на првата сезонска победа откако ја декласираше Победа, Мартин Мишевски со пет гола

Футсалците на Кратово стигнаа до својата прва сезонска победа оваа сезона откако...

ФудбалФутсал

Црна Река како фаворит ќе го пречека дебитантот Шутка 1 во „Јасмин“

Црна Река утре на домашен терен во спортската сала „Јасмин“ во Кавадарци...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!