Останато

Лина Ѓорческа поразена во четвртфиналето на турнирот во Куршумлијска Бања

Сподели
ФОТО: ТФСМ
Сподели

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на турнирот W75 во Куршумлијска Бања, Србија, откако во четвртфиналето беше поразена од Австријката Лили Тагер со 2:1 во сетови (6:3, 5:7, 7:6 (7:5)) по маратонски меч што траеше два и пол часа.

Ова беше втор триумф на младата Австријка над Ѓорческа во последните пет дена, бидејќи пред само една недела во Букурешт исто така ја совлада во финалето.

Дуелот започна подобро за Тагер, која со ранен брејк поведе со 3:0. Ѓорческа успеа да врати дел од контролата и намали на 4:3, но сепак првиот сет заврши во корист на противничката. Во вториот сет, при водство од 4:3 за Тагер, нашата тенисерка успеа да направи серија и со 7:5 да израмни на 1:1. Одлучувачкиот трет сет повторно донесе неизвесност – Ѓорческа спаси меч топка во десеттиот гем и изедначи на 5:5, но на крајот тај-брејкот го доби Тагер со минимални 7:5.

И покрај елиминацијата, Ѓорческа ќе освои 16 ВТА поени за настапот и на новата ранг-листа ќе се најде меѓу најдобрите 200 тенисерки во светот.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар на дното без бодови, Кочани рекорден по високи порази, Љуботен непоразен лидер во ПЖФЛ

По пет одиграни кола, со тоа што петтата рунда не е комплетирана поради одложениот меч меѓу Ас Јунајтед и Пелистер, време е за...

Ракомет

Кукуловски „грмеше“ од девет метри: седум гола за победничко деби во Металопластика!

Поранешниот ракометар на Охрид, Дејан Кукуловски, со одлична индивидуална партија го започна новото поглавје во кариерата во дресот на Металопластика Шабац. Македонскиот интернационалец...

Поврзани написи
Останато

Сребро за Душица Бресалиева на Multi European games G1 2026

Македонската таеквондистка Душица Бресалиева освои сребрен медал на Multi European Games G1...

Останато

Алексеј Стојановски триумфираше на турнирот „Тумба“ во Куманово

Изминативе денови на терените на ТК „Тумба“ во Куманово се одржа турнир...

Останато

Калин Митевски двоен победник на МТП Опен 2026

Македонскиот тенисер Калин Митевски е двоен победник на МТП Опен 2026, турнир...

Останато

Дарија Крстевска ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во атлетика во Копенхаген

Младата македонска атлетичарка Дарија Крстевска за прв пат ќе ја претставува Македонија...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!