Ракомет

Грција нема да го игра мечот со Македонија во Охрид, поради вирусна инфекција

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Женската ракометна репрезентација на Македонија нема да го одигра планираниот натпревар против Грција на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“ во Охрид. Причина за тоа е вирусна инфекција која зафати дел од грчките ракометарки, па нивниот национален тим не е во можност да продолжи со учество на турнирот.

Ракометната федерација на Македонија преку официјално соопштение потврди дека Грција се повлекува и им посака брзо закрепнување на погодените ракометарки. Во исто време, РФМ им се заблагодари за досегашниот придонес и учество на турнирот.

“Ракометната Федерација на Македонија ја информира спортската јавност дека женската ракометна репрезентација на Грција нема да го продолжи своето учество на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“. Причина за ваквата одлука е вирусна инфекција која зафати дел од ракометарките на грчкиот национален тим. Македонската ракометна федерација им посакува брзо закрепнување на ракометарките од Грција, и упатува искрена благодарност за нивното учество и придонес кон турнирот”, стои во соопштението на РФМ.

Со оглед на тоа што денешниот меч требаше да се игра од 16:30 часот, Македонија службено ќе го добие. Тоа значи дека нашиот национален тим ќе го насочи вниманието кон исходот од дуелот меѓу Тунис и Египет – натпревар кој ќе има клучна улога за конечниот расплет и можноста Македонија да се бори за првото место.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Џатевска останува во Унгарија: Македонската репрезентативка ја продолжи соработката со Сомбатхељи

Македонската ракометарка Ивана Џатевска ќе продолжи да настапува во унгарскиот шампионат, откако официјално го продолжи договорот со Сомбатхељи за сезоната 2026/27. 22-годишната пикерка...

Втора лигаФудбал

Охрид го доживеа првиот сезонски пораз: „Рибарите“ немоќни против Марибор

Екипата на Охрид го доживеат првиот сезонски пораз откако во рамки на 5. коло на ЕРС (eFootball Pro Champions) загуби од тимот на...

Поврзани написи
Ракомет

Џатевска останува во Унгарија: Македонската репрезентативка ја продолжи соработката со Сомбатхељи

Македонската ракометарка Ивана Џатевска ќе продолжи да настапува во унгарскиот шампионат, откако...

Ракомет

Неверојатен пресврт во Автокоманда: Пелистер од -8 до триумф над Алкалоид!

Еурофарм Пелистер одигра меч за паметење и со фантастичен кам-бек славеше на...

Ракомет

🔴 Во ЖИВО: Алкалоид – Еурофарм Пелистер

Дерби натпревар за второто место во Супер лигата – кој ќе ја...

Ракомет

ЕХФ пресече: Двегодишна суспензија и казна за Начевски и Николов

Европската ракометна федерација (ЕХФ) донесе конечна одлука во случајот со македонските судии...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!