ФудбалФутсал

Железарец со сигурен триумф над Јувентус Серава

Сподели
ФОТО: KMF Juventus Serava | АРХИВА
Сподели

Вечерва беше одигран уште еден натпревар од 2. коло на Првата футсал лига на Македонија во меч каде домаќинот Железарец со 3:1 запиша сигурна победа над Јувентус Серава, за прво сезонско славје во новата сезона.

По големиот пораз во Крива Паланка од Осогово екипата на Железарец вечерва одигра одличен меч, откако на истиот имаше 2:0 предност. Кирче Крстевски во 15. минута погоди за 1:0, а по две минути игра Мирко Богески зголеми на 2:0.

Во второто полувреме Армандо Алијевиќ постигна гол за 2:1 со што се врати неизвесноста и обидот на гостинот за изнендување. Сепак во финишот на мечот Драган Брњарчевски ги постави конечните 3:1. За Јувентус Серава ова е втор пораз, откако загуби и во првото коло.

Како што веќе објави Спортска Мрежа, вчера Осогово дома загуби од Форца со 5:9, а пак утре Кеги Моби ќе игра против Клими, Проект со Бутел, а Шкупи со Црна Река.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

ТФТ го засили тимот со еден од најголемите македонски таленти

Кошаркарскиот клуб ТФТ Скопје продолжува со градењето на ростерот за сезоната 2026/27, а најновото засилување е еден од најперспективните македонски кошаркари – Ѓорѓи...

Кошарка

Си-Џеј Вилсон повторно се врати во КК Пелистер

КК Пелистер го враќа Си-Џеј Вилсон во своите редови. Американскиот плејмејкер, кој има 32 години, минатата сезона настапуваше за битолскиот прволигаш, а по...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Дориев не запира: Уште еден гол и нова победа за Согдиана!

Македонскиот интернационалец Љупче Дориев продолжува да игра во извонредна голгетерска форма во...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!