Футсал

„Циркус“ во Втората футсал лига на Македонија, екипи доаѓаат со двајца и тројца играчи! Хаос на стартот од сезоната!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Тотален хаос на стартот од новата сезона, вечерва наместо со три натпревари да започне новата сезона од Втората футсал лига, истата започна со само еден меч, двата не се одиграа поради тоа што во сала екипите се појавиле со недоволен фонд на играчи.

Во новата сезона учество пријавија 13 екипи, но како тргнало уште од првото воведно коло ќе видиме колку од нив ќе ја доиграат сезоната.

Битолски Конзули натпреварот со ланскиот прволигаш Овче Поле од Свети Николе, наместо да го одигра во Битола, реши да го игра во Свети Николе, во спортската сала „Цар Самоил“ каде практично Овче Поле ги игра домашните натпревари со што во тој случај Конзули на гостински терен е домаќин, а Овче Поле на домашен терен е формален гостин. Но, иако така беше пријавен натпревар, истиот сепак не се одигра, бидејќи екипата на Конзули пристигнала со тројца играчи, со што натпреварот и не започна, за што е наведено и во официјалниот записник од натпреварот.

„Бидејќи екипата на Конзули пристигна со тројца играчи, натпреварот не започна“, се вели во делот за примедби од официјалниот записник на мечот.

Ниту натпреварот во Дебар не се одигра меѓу Кораби и Партизан Југ Брвеница, бидејќи гостинската екипа по чекање од половина час на теренот се појавила само со двајца фудбалери.

„По чекање од повеќе од половина час од гостинската екипа се појавија само двајца фудбалери во сала. Во салата присутни сите службени лица на натпреварот“, се вели во делот за примедби од официјалниот записник на натпреварот.

Според ваквите состојби екипите на Кораби и Овче Поле треба да имаат службени победи и службени три бодови.

На единствениот меч одигран вечерва од првото воведно коло од Втората футсал лига екипата на Балкан обезбеди победа од 3:6 над домаќнот ССК.

На полувреме резултатот беше 2:4 за гостинот, со што за домашниот тим стрелци беа Илија Алексовски, Дарко Стевковски во првиот дел и Дамјан Ѓуровски во вториот дел. За гостинската екипа Пајтим Реџепи и Ибрахим Алији беа двојни стрелци во првиот дел, а во второто полувреме погодија Џељал Мајку и Кадар Амза.

Утре Победа на домашен терен ќе игра со ланскиот прволигаш Карадаку, во Штип ќе играат Мал Ајакс со Кратово, додека пак колото ќе се затвори во понеделник со мечот меѓу Енхалон и СЕЕ Университи во Струга. Во првото коло слободна е екипата на Каршиака.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

Џокер од Фурка го потврди учеството на Ohrid Winter Cup со талентираната генерација 2012

Фудбалскиот клуб Џокер од Фурка, кај Дојран, е потврден учесник на Ohrid Winter Cup 2026. Клубот во Охрид доаѓа со силна генерација фудбалери...

Останато

Наковски Волеј со кам-бек го задржа статусот на непоразен тим во Првата лига жени

Екипата на Наковски Волеј останува единствената непоразена по четири кола во новата сезона од Првата лига жени, откако во дербито од четвртото коло...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентацијаФутсал

Македонската футсал репрезентација поразена на гостувањето во Финска

Футсал репрезентацијата на Македонија со пораз го започна квалификацискиот циклус за пласман...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!