РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно загуби од Кипар У-17 во Радовиш

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години го заврши двомечот со Кипар без постигнат гол, откако и на вториот контролен натпревар одигран во Радовиш претрпе пораз – овојпат со 0:3.

По минималниот пораз (0:1) во првата средба, избраниците на селекторот не успеаја да се наметнат ниту денеска. Гостите од Кипар ја контролираа играта и заслужено стигнаа до убедлива победа.

Првиот гол падна во 28. минута преку Христодулидес, а иако македонските надежи имаа неколку обиди за израмнување, на одмор се замина со 0:1. Во вториот дел, Кипар продолжи поагресивно и во 56. минута Герасиму ја зголеми предноста. Во последните моменти од натпреварот, Неофиту со трет погодок го запечати триумфот на Кипар.

Со овие два порази, македонската селекција доби јасна слика за слабостите пред претстојните квалификациски предизвици, додека Кипар ја искористи шансата да ја демонстрира својата физичка подготвеност и ефикасност.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

Алкалоид сака европско продолжение по големиот триумф над Пелистер!

Ракометарите на Алкалоид со позитивна атмосфера и дополнителна самодоверба го очекуваат следниот европски предизвик, откако остварија значајна победа во дербито против Еурофарм Пелистер....

Ракомет

Блажески за Спортска Мрежа: Фаворити сме, но мораме да дадеме 100% на двата натпревари!

ГРК Охрид го очекува нов европски предизвик во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп, каде што за противник го има литванскиот Драгунас Клаипеда....

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Берокал го објави списокот на кошаркари за дуелот со Кипар

Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, го објави...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија против Кипар во баражот за опстанок во Б Лигата на нации

Репрезентацијата на Македонија го доби противникот во баражот за опстанок во Б...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Изов го објави списокот на фудбалерки до 19 години за настап на квалификации за ЕП

Селекторот на женската репрезентација до 19 години, Кирил Изов го објави списокот...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските одбојкарки ги дознаа противниците и распоредот во Европската лига 2027

Женската сениорска одбојкарска репрезентација на Македонија ги дозна противниците и термините за...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!