Прва женска фудбалска лигаФудбал

ТАБЕЛА: Љуботен е осамен лидер, Вардар го напушти дното, Кочани е „фенерџија“

Сподели
Сподели

По пет одиграни кола во Првата женска фудбалска лига време е за првата „лупа“ и на табелата во фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција. Љуботен одлично тргна во новата сезона и како игра речиси сигурно оди на патот кон одбрана на титулата и по петти пат да стане шампион на Македонија со што тимот од Тетово ја продолжува доминацијата во женскиот фудбал во Македонија.

Актуелниот шампион има 15 бодови на своето конто и остана осамен лидер со максимален ефект, пет од пет со најдобар напад од 25 постигнати погодоци и најдобра одбрана од само еден примен погодок.

Ас Јунајтед од Струга е на втората позиција со 13 бодови, а пак Скопје етрет со 12 бодови на своето конто и всушност овие три екипи имаат двоцифрен број на освоени бодови, а тимот од Струга го има вториот најдобар напад со 20 постигнати погодоци и втора најдобра одбрана со два примени погодоци.

Каменица Саса иако сезоната ја започна со амбиции за атак на титулата се чини дека „рударките“ многу тешко ќе ги реализираат тие амбиции бидејќи се на четвртата позиција со девет бодови и со пораз од лидерот Љуботен на домашен терен. Тиверија Брера годинава шанса ќе дава и на свои фудбалери, на младите и талентирани надополнето со неколку искусни фудбалерки.


Тимот од Струмица е на петтата позиција со девет бодови и сигурно е дека оваа сезона нема да се бори за титула како што беше минатата сезона, кога всушност Тиверија Брера беше најблиску да испише историја и да ја освои титулата.

ФОТО: Спортска Мрежа

Истатов во новата сезона има учинок од две победи и три порази и шест бодови на своето конто и со Истатов ги заокружуваме екипите кои имаат двоцифрен број на постигнати погодоци.

Три екипи имаат по три бодови на своето конто – Топ Гол, Речица и Вардар, а пак Кочани сега е на дното од табелата со само еден бод. Вардар е дебитант, а до првата сезонска радост дојде откако го доби повратникот во елитата и поранешен шампион Кочани со минимални 1:0, па така Вардар за првпат го напушти дното, а пак Кочани сега е „фенерџија“.


Во однос на статистиките Љуботен го има најдобриот напад со 25 реализирани погодоци и најдобра одбрана со само еден примен гол, а пак најлош напад има Вардар, само еден постигнат гол на пет натпревари, но тој погодок е доволен за да тимот освои три бодови, а исто така, Вардар ја има и најлошата одбрана која примила дури 35 погодоци на пет натпревари.

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ЉУБОТЕН 5 5 0 0 25 1 +24 15
2 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 5 4 1 0 20 2 +18 13
3 ЖФК СКОПЈЕ 2014 5 4 0 1 14 5 +9 12
4 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 5 3 0 2 13 5 +8 9
5 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 5 3 0 2 10 7 +3 9
6 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 5 2 0 3 14 11 +3 6
7 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 5 1 0 4 6 10 -4 3
8 ЖФК РЕЧИЦА 5 1 0 4 8 18 -10 3
9 ЖФК Вардар 2023 5 1 0 4 1 35 -34 3
10 ЖФК КОЧАНИ 5 0 1 4 3 20 -17 1

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

(ВИДЕО) Еурофарм Пелистер со нов брендиран автобус: „Само еден тим, само еден град“

Еурофарм Пелистер продолжува со унапредување на условите за функционирање на клубот, а најновата новина е модерниот и брендиран клупски автобус со кој ракометарите...

ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување на развојот на сопствените млади играчи, градење на тим за долгорочен...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

КМФ Проект отвора нова страница: Македонскиот шампион останува верен на концептот со млади играчи

КМФ Проект влегува во новата натпреварувачка сезона со јасна визија – продолжување...

ИнтернационалциФудбал

ФОТО: Брера пристигна во Андора, одработен последниот тренинг пред утрешниот меч во младинската Лига на шампиони

Брера Струмица пристигна во Андора, младинскиот тим денес го имаше последниот тренинг...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Осум екипи во новата сезона на Втората женска лига, дури четири дебитанти и еден повратник

Новата сезона во Втората македонска женска фудбалска лига ќе донесе изменет состав...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!