Трета лигаФудбал

Исмаили: Нема основа за реакција на Напредок, ги демантирам нивните обвинувања!

Сподели
ФОТО: Музафер Исмаили, контролор и Комесарот за делегирање на судии во Трета лига – Запад
Сподели

Откако поранешниот прволигаш Напредок од Кичево преку соопштение реагираше за судиски оштетувања, реагираше комесарот за делегирање во Трета лига – Запад, Музафер Исмаили преку соопштение кое го испрати до Спортска Мрежа.

Исмаили вели дека нема основа на која да реагираат од ФК Напредок, бидејќи имале висок триумф на мечот против Ренова, а воедно како што вели ги демантира обвинувањата на третолигашот Напредок од Кичево.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА МУЗАФЕР ИСМАИЛИ:

„Целосно со полна одговорност јас како коменсар за делегирање во Трета лига – Запад ги демантирам, воедно чувствувам голема разочараност од соопштението на ФК Напредок АД, каде обвинуваат судија кој е во единствената листа во Прва и Втора лига при ФФМ. Имено со соопштението на горенаведениот клуб е сосема неосновано и неприфатливо. На истиот натпревар екипата на ФК Напредок победи со 0:4, и не ми е јасно каде судијата ги оштетил нив. ФК Напредок по четири одиграни кола е најнедисциплирана екипа во Трета лига – Запад каде од записниците на сите одиграни натпревари слободно можете да констатирате дека на секој натпревар во просек имаат по 6 до 7 жолти картони и на секој натпревар по еден или повеќе црвени картони. Што значи во иднина истиот клуб треба да внимава со неговите соопштенија да не бидат смешни во спортската јавност“, вели Музафер Исмаили, комесар во Трета лига – Запад.

Утре Напредок ќе се соочи со последнопласираната Речица, каде главен судија ќе биде Пларент Салихи.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Македонскиот репрезентативец Кристијан Николов потпиша за КК Работнички

КК Работнички АД Скопје продолжува со формирањето на тимот за новата сезона, а најново засилување е македонскиот репрезентативец Кристијан Николов. Искусниот бек во...

Кошарка

Тане Спасев: Пелистер е клуб со реноме, акцентот ќе биде ставен на младите кошаркари

Новиот тренер на Пелистер, Тане Спасев, ги сподели своите очекувања пред почетокот на новата сезона, истакнувајќи дека битолскиот клуб има големо реноме во...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Турчинката Селин Туркоглу го засили поранешниот шампион на Македонија – големо засилување за Каменица Саса

Поранешниот шампион на Македонија, Каменица Саса, продолжува да го гради тимот за...

Прва лигаФудбал

Башкими се засили со младиот Стефан Ристовски и Фати Исмаили

Прволигашот Башкими ангажираше две нови засилувања за продолжението од сезоната, по лошиот...

Трета лигаФудбал

Паунов: Амбициите на Каменица Саса се јасни – враќање во Втора лига, атмосферата е одлична!

Искусниот Драган Паунов по вторпат во кариерата ќе го носи дресот на...

Фудбал

ФФМ ја повлече поддршката за Инфантино за нов мандат на чело на ФИФА!

По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!