ФудбалФутсал

Луд меч во Крива Паланка со 14 гола, шампионот Форца славеше голема победа над Осогово!

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA
Сподели

Вечерва беше отворено 2. коло од Првата футсал лига на Македонија со луд меч во Крива Паланка, откако шампионот Форца со 5:9 славеше над Осогово преку пресврт.

Во првиот дел паднаа осум погодоци за 5:3 и водство на домашниот тим. Во меч со менување на водството, со многу шанси и атрактивни погодоци, трите бодови заминуваат на контото на Форца.

За домашниот тим двојни стрелци беа искусниот Андријан Мицевски и Давид Ристовски, а пак еден гол беше дело на Виктор Димков.

Во второто полувреме Осогово не усепа да постигне погодок, а Форца направи комплете пресврт за голема победа.

За гостинскиот тим хет-трик постигна интернационалецот од Колумбија, Кристина Алберот Беррио Хојос, а по два погодоци имаа Даниле Марињо Де Соуза како и Луис Конзало Посадо Куинтеро. Еден гол постигна Камило Андрес Гомез Ванегас, а пак Дамјан Ангеловски си постигна автогол.

Форца тргна одлично во новата сезона, во сезона во која ќе ја братни двојната титула. Во следното коло Форца ќе игра на домашен терен со Кеги Моби, а пак Осогово ќе игра со Јувентус Серава во гости.

Што се однесува до втората рунда во сабота Железарец ќе игра со Јувентус Серава, а пак в недела Кеги Моби ќе игра со Клими, Проект со Бутел, Шкупи ќе биде домаќин на Црна Река.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!