КупФудбал

КУП: Ќерими главен во Куманово, Тодоровски ќе им суди на Тетекс и Пелистер, Никодиноски на Пчиња и Новаци

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа
Сподели

Познати се судиите за трите натпревари од првата фаза на Купот на Македонија, од кои еден се игра денес, а два утре.

Денес во Куманово второлигашко соочување на Шкендија Арачиново со Каменица Саса, каде за правдата ќе биде задолжен Бењамин Ќерими од Скопје, а негови помошници ќе бидат Стефан Стојановски и Петар Арсовски од Скопје.

Четврт судија ќе биде Никола Петковски од Куманово, а пак делегат ќе биде Нафил Смаиловиќ од Скопје, а контролор Орце Стефановски од Кратово.

Утре, третолигашот Пчиња како домаќин во Купот против Новаци ќе игра на теренот во Петровец.

Правдата на овој меч ќе ја дели Иле Никодиноски од Скопје, а негови помошници ќе бидат Шенол Шаботиќ и Филип Тодоровски од Скопје.

За четврт судија е делегиран Дејан Младеновски од Скопје, а пак делегат на мечот ќе биде Лазар Проданов од Валандово, а контролор Горан Ангелески од Прилеп.

Во Јегуновце второлигашот Тетекс ќе игра против прволигашот Пелистер. Главен судија на овој меч ќе биде Ненад Тодоровски од Скопје, а пак негови помошници ќе бидат Хабиљ Љиворека од Тетово и Цветанка Савеска од Јегуновце.


Четврт судија на мечот ќе биде Бардхиљ Ибраими од Тетово. Делегат на средбата ќе биде Раде Гроздановски од Демир Хисар, а пак контролор ќе биде Јосип Бартон од Тетово.

Претходно, следна фаза од Купот обезбедија Детонит Плачковица, Работнички, Охрид, Силекс, Брегалница, Македонија ЃП и Беласица.

Првата фаза од Купот на Македонија ќе се комплетира следната недела. На 9. септември Победа ќе игра против Башкими, а пак на 10. септември Кожуф со Шкупи, Јени Маале против Шкендија и Скопје со Тиквеш.


Сподели

Не пропуштајте

КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби во финалето од Купот на Македонија, триумфирајќи со високи 8:3 и...

Ракомет

Еурофарм Пелистер продолжува со младинската стратегија: Белистојаноски промовиран во сениорскиот тим

Еурофарм Пелистер останува доследен на својата стратегија за развој и интеграција на млади таленти во првиот тим. Клубот и оваа сезона продолжува со...

Поврзани написи
КупФудбалФутсал

Проект немилосрден во финалето против Кеги Моби – двојна круна во Јосифово!

Со убедлива и доминантна игра, екипата на Проект го декласираше Кеги Моби...

ФудбалФутсал

Железарец шампион во Втората футсал лига – експресно враќање во елитата

Екипата на Железарец ја освои титулата во Втората футсал лига на Македонија...

Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Нова „нула“ за „рибарите“: Охрид ремизираше со Графичар

Нова „нула“ за Охрид, „рибарите“ ремизираа против Графичар играјќи 0:0 во рамки...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!