Прва женска фудбалска лигаФудбал

Мега дербито во Струмица без победник: Реми на Тиверија Брера и Љуботен, шампионот се спаси со пенал!

Сподели
Сподели

Мега дербито во Првата женска фудбалска лига меѓу Тиверија Брера и Љуботен кое се играше во Струмица заврши без победник, со по еден гол за конечни 1:1.

Осмата рунда од елитата се комплетираше денес со големото дерби на Општинското фудбалско игралиште со вештачка трева во Струмица, каде шампионот Љуботен се спаси од пораз во вториот дел од мечот со гол од пенал. Натпревар со голема неизвесност и борба на теренот, шанси и само два гола.

25-годишната Американка Кешлин Џејн Коплин постигна гол во 23. минута со што домаќинот дојде до водство од 1:0. Гостинот од Тетово се обидуваше да дојде до израмнувачки погодок, првиот дел заврши со гол предност за Тиверија Брера (1:0).

Во вториот дел Љуботе одновно бркаше гол негатива, а Тиверија Брера креираше шанси за втор гол. Во 60. минута од мечот Кирил Смоквоски покажа на белата точка за Љуботен, а Ингрид Јулиет Видал Исаза беше сигурена од белата точка, со што Колумбијката донесе 1:1.

До крајот на мечот и двете екипи бараа погодок и ги посакуваа трите бодови, но конечниот исход беше 1:1.

Со овој резултат Тиверија Брера останува на врвот од табелата со 19 бодови, колку што има и Љуботен кој е втор, a Саса која е трета има 18 бодови, но Саса има меч повеќе во односна на екипите од Струмица и Тетово.

Скопје е на 4. место со 12 бодови, а пак Истатов е петти со седум бодови. Ас Јунајтед не ја започна сезоната според планот има само две победи и пет порази и со шест бодови е на шесттото место. На седмата позицјиа е Топ Гол со пет бодови, Атлетико е осми до четири бодови, а пак Речица е претпоследна или во бараж зоната со три бодови.

На 10. место формално е Шкендија од Тетово која се откажа од натпреварување, а тоа ќе значи дека сезонава нема директно испаѓање од Прва лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Марко Топузовски со бронза од Светските игри во кинеско борење во Италија

Македонскиот борач Марко Топузовски освои бронзен медал на Светските игри во кинеско борење „World Shuai Jiao Games 2026“, кои се одржуваат во Монтесилвано,...

Ракомет

Реми во Ресен: Костадинов го спаси Радовиш од пораз, Вардар Неготино го „прегази“ Текстилец среде Штип

Вистинска драма понуди мечот во Ресен од 5. коло на Првата ракометна лига меѓу Преспа и Радовиш, каде немаше победник, двете екипи одиграа...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Осогово не се појави во Велес, службена победа за Кеги Моби

Денешниот меч од 1. коло на Првата футсал лига во Велес меѓу...

Втора лигаФудбал

Крсте Крстев поднесе неотповиклива оставка, Осогово останува без тренер по седум кола

Крсте Крстев повеќе нема да биде шеф на стручниот штаб на Осогово....

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Билјанини Извори го доби дуелот со Башкими, тежок пораз од 15 гола за Победа Валандово, Ржаничино убедлив

Билјанини Извори продолжува во победнички ритам откако на гостувањето кај Башкими славеше...

Трета лигаФудбал

Дрита „испука петарда“, три бода за Вардар Брвеница, Љуботен со минимален пораз

Убедлива победа од 1:5 забележа Дрита над Скендербег од 5. коло на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!